Јас секогаш учам на сабајле, тогаш умот ми е бистар, а навечер не можам бидејќи цел ден слушам предавања на училиште и главата ми е тапан кога ќе почнам да ја читам лекцијата, сето тоа што е напишано си го замислувам сликовито во главата и така најлесно можам да ја научам лекцијата со разбирање, а не на памет исто така важно е учењето со ред, бидејќи ако не учиш со ред ќе ти се натрупаат многу лекции и после ќе ти е потешко да научиш.
Средно школо не учев многу,слушав стално на часови,а памтев што сум слушнала,така да,само дома прочитував и бев спремна.Секогаш преферирав усно испрашување,многу поубаво можеш да се изјаснеш и да покажеш дека си ја разбрал материјата. Факултетот е друга приказна На почетокот се предозирав со кафиња,учев само ноќно време и 2,3 дена пред колоквиум.После прва година,почнав да си учам поредовно и 2,3 недели пред полагањата. Ако немам предавања или за време на викенд,учам насабајле и тоа веднаш кога ќе станам.Само кафето до мене и 3,4 саати со кратки паузи од по 10 минути.Тоа до 13,14 часот,а потоа ручеци,шетање и да сакам,нема да најдам концентрација. Кога имам предавања,после нив одмарам саат време,па после учам. За време на колоквиумска,пак си седам по цели вечери со дози на кофеин,па кога си одам дома сите ми велат дека сум пропаднала и огледалото прикажува зомби Галамата при учење воопшто не ми пречи,може и музика и вести во позадина да тераат,ако ми е интересен материјалот немам проблем,се разбира ако не ми се приспие или пријаде,што знае да се случи често. Една работа ме нервира од факултетов,што не даваат сите професори да се објасниш со свои зборови,на свој стил,туку го бараат материјалот до буква од книгата,а тоа би значело учење напамет,нешто што не практикувам,алал ви вера на вие што можете.
Повторувањето е мајка на знаењето. По тоа се водев и кога студирав, па и претходно, во средно. Никогаш сум немала проблем со спремањето испити, зошто во текот на предавањата континуирано сум го учела материјалот, повторувајќи накратко нешто од претходните теми. И кога доаѓаше време за колоквиум/испит, следеше една темелна генерална проверка на целиот материјал.
Јас учам после пладне или навечер.Наутро ништо не можам да запамтам.Обично го читам материјалот и додека го читам се трудам да го разберам.Доколку има потреба запишувам на лист хартија она што не ми е јасно.Учам континуирано и навистина пред тест ми е многу полесно бидејќи само повторувам,слушам на час...Сето ова е доста важно барем во училиштето каде што учам јас
Јас се обидувам да ги слушам сите предавања и до детал да запишувам што професорот предавал..Така ќе знам од одредена лекција што точно го смета за битно,а што да не се замарам да го читам..Никогаш не сум учела на памет,па затоа имам проблем со професори кои ја бараат дефиницијата како што е во книгата со истиот редослед на зборови а исто така и лошо запамтувам набројуванки.Обично учам во себе,се имам приметено дека нон стоп климам со глава кога сум сфатила нешто,ми помага тоа демек "сум ја завршила лекцијава,финиширана е,запамтена е" Конкретно за начинот на учење..обавезно пишувам во тетратка поими,параграфи,па дури и цели лекции кои што треба да ги препрочитам поради тоа што не сум ги разбрала,секако поради тоа што ако не сфаќам нешто гледам да не се задржувам на тоа и да си ја тупам главата затоа и го оставам за последно..а исто така и пишувам одредени работи кои што ми се тешки и тешко сум ги запамтила,па пред испит тие одредени работи ги пречитувам..Исто така имам сфатено дека пишувањето во тетратка многу помага за да полесно сфатиш одредена работа.Не знам дали само јас,но ми се има случено на испит да ми текне на која страна,помеѓу кои два поими ја имам напишано таа работа која ми треба за да одговорам на тоа прашање..буквално ми се појавува слика во главата од тоа што ми се бара на испит..така да,на сите препорачувам да си имате мало прирачниче,полесно оди учењето..Исто така и потцртувам..И тоа ги потцртувам само најглавните работи,стварно најглавните значи не цела лекција..Исто така знам од страна на книгата да напишам нешто што имам разбрано од таа лекција потточно од две три страни лекција имало одредени две три битни момента..наместо кога ќе повтарам ден пред испит да ја читам цела лекција,јас го читам само делот што сум си го напишала од страна.Не користам маркери,иако на сите така им е полесно..можеби поради тоа што не шкртам многу..се фокусирам на главните работи.Тоа е тоа и извинете на долгото мислење.
Нема тука метод. Најпродуктивна сум ко ќе знам дека утре полагам. И знам дека нема бегање. Тогаш памтам на велико! А претходно се знај.. Ми се јади ми се пие... бла бла
На часовите спијам така да не се потпирам на тоа. Обично учам само кога морам т.е. пред тестови или испрашувања ако знам дека ќе ме скорни. Најубаво учам од кај 4 попладне па натака. А на сабајле воопшто немам концентрација. Правам така што ги раскажувам лекциите во тетратка и ги учам од таму. Учењето од учебник ептен ми е мачно, и ништо не запамтувам ако учам од таму.
Што правите кога немате ќејф за учење, а истиот ден имате оценување? Учите, или како мене си читкате по форуми...?
Случајно налетав на темава. Иаκо помина (па не баш) многу вρеме од моето вρеме за учење убаво е да се потсетам. Јас учев навечеρ, пρед испит ноќта и κоρистев метода на слиκовно памтење, си пρавев забелешκи и пишував пρепишував по тетρатκи, κолκу само пенκала тρошев ама таκа ми беше најубаво.
Учам по свој метод кој го нареков “приказна“.Кога учам ги запомнувам работите како да читам интересна приказна.Доста е ефикасно бидејќи потоа кога повторувам материјалот го кажувам како приказна.Досега со овој метод постигнав највисоки оценки.Мотивацијата е сепак многу важна.
Пример го читам првиот пасос од лекцијата,го читам неколку пати во себе,потоа се обидувам да повторам. И така учам јас и ако нешто не ви текнува немојте да ѕиркате во книгата,туку нека ви текне само дека пак ќе заборавите ако го прочитате позз
Најпрво ја читам лекцијата и сите важни работи ги запишувам на лист,поточно кажано ја раскажувам целата лекција на лист и со самото пишување веќе половина и повеќе знам и многу ми е полесно така..Може се губи малку повеќе време но учењето е доста ефикасно и полесно ии да учам на глас ,во просторијата каде што учам сакам да биде тишина,по можност да нема никој
На факултет имам колеги кои учат на памет (250)страници по секој предмет за време на колоквиум и ги земаат сите 80поени.... А што е најстрашно им се смеат на другите што паднале по тие предмети.Иначе потполно се согласувам со вас дека факс и средно не е исто
В средно образование, - го читав материјалот и најважните зборови ги подвлекував и имав 5ки освен по математика секогаш ми беше како трн в очи...одев и на приватни часови ама никогаш повеќе од 3ка не имав. А сеа студирам на факултет и сум 2ра год но учењето ми е голем проб неможам никако да се сконцентрирам а и методот што го користев в средно обр појке не р валиден т.е не помага
Ако е нешто што не ми било јасно, го читам, па пишувајќи си го објаснувам. По неколку пати читање научено ми е. А, нешто поедноставно на тој начин не можам да научам, полесно учам со читање само. Неколку пати дома и еднаш пред час.
Незнам како ама и јас учам на памет. Една недела пред колоквиум добро го загревам столот и посветена сум строго само на тоа. Не дека после нема да го знам нештото затоа што не сум учела со разбирање туку ете така. Дури и сите професори се чудат како може да памтам се до последен збор како што е во книгата.
Искрајно незнам како постигнуваат за толку мал период да научат се ....,но секогаш го вадат максимумот од секој колоквим.Јас колку и да читам и да се посветувам не можам.Дури и пробав и напамет да учам ама не ми оди за жал.
Секоја чест цреша-јагода .Доколку сакаш можеш да објасниш како тоа го правиш т.е дали користиш некои методи ,принципи пред да почниш да учиш и дали пасивно (в себе ) или активно (на глас) учиш...доколку не ти е проб можеш да ни помогниш и потикниш со вашето објаснување на кој начин го применуваш. Иначе ги имам прашано колегите-колешките како постигнуваат и што користат за подобра концентрација но не сакаа да кажат хах највероватно се плашат дека можеби ке им го украдам методот хах