Секоја чест YoungandBeautiful .Доколку сакаш можеш да објасниш како тоа го правиш т.е дали користиш некои методи ,принципи пред да почниш да учиш и дали пасивно (в себе ) или активно (на глас) учиш...доколку не ти е проб можеш да ни помогниш и потикниш со вашето објаснување на кој начин го применуваш. Иначе ги имам прашано колегите-колешките како постигнуваат и што користат за подобра концентрација но не сакаа да кажат хах највероватно се плашат дека можеби ке им го украдам методот хах
Каков метод, нема метод. Седнуваш и учиш. Секој може да научи ако сака. Седнувам, подвлекувам најважното и учам. Тоа е се.
eeee hahahahahahhaha zimi se i ja se chudam sama na sebe ahhahahahahahahaha !!! sekoja treta nedela kolokviumska i nov ASTRONOMSKI materijal hahahha ... perfect
Јас морам прво да си направам школска атмосфера, книгите и цел материјал за учење да си ги наредам убаво на биро, телефонот на сајлент и во другата соба за да не ме вознемируваат и една голема шолја кафе. Така можам целосно да се посветам на учењето без никој и ништо да ми го сврти вниманието. Музиката ме дефокусира и не практикувам да слушам додека учам, исто и учење во кревет, некако не ми е сериозно.
мене ми треба повеќе време за да научам, некој по цели денови се излезени, а јас се мачам да научам 10 стр.
Офф...тешко прашање, кога ни самата не знам како успевам да научим. Пред се, ептен сум ко желка кога учим, на пр други можат 10 стр у еден ден..ја едвај 3, ама ете битно се успева некако. Второ, многу многу живци летаат (знам нема потреба да се нервирам за учење, ама ајт, таква сум)...значи кома се приближуа терминот за испит, ја уште појќе нервозна... ИИИИИИИИИИ НАЈБИИИТНОООО....УЧИМ СО МУЗИКА, ЗА ДА НЕ ЗАСПИЕМ немам некој посебен начин на учење, како ќе ми дојде таке учим
концентрација при учење воопшто немам, навистина не знам во што е проблемот.. до сега ми се нема случено вака лек некој?
Јас не учев на глас, т.е не ни сум пробала. Татко ми стално ми велеше тоа е бубање. Прво читам цела лекција , си потцртував , горе над некоја реченица ако ме асоцираше на нешто си го запишував на страна со зборче или ќе си нацртам нешто Ако не можам да запамтам некој збор , пр. за економија дека е фундаментална наука, зборот "фундаментала" го запишувам на страна во скрипта и 100пати во глава го повторував. Ако имав пример некој , најчесто лекциите со примери ми беа, сеспоредуваа кока кола и пепси и над лекцијата тоа го пишував да знам одма што е . Не знам на памет да учам , со примери строго.
Епа вака мене у основно од 1 - 7 ми беа сите петки . Послем у 8 имав 3-4 четврки колку што се сеќавам а у 9 само една четворка имав и тоа по математика се стегнав со учење пошто ми беше битно , но не сум бубалка . Јас најлесно учам кога си ја читам лекцијата си го снимам звукот и си го слушам . Или кога немам време си читам 2 3 пати со разбирање . . Морам да признаам понекогаш си препишувам .
За на факултет сега си знам една работа, дека кога одам редовно на предавања ми е многу полесно после пред испит. Го разлистувам материјалот и повеќе од половина си го знам. Освен тоа за мене е многу ефикасно и фаќањето белешки. Обично се покажало дека тоа е тоа што го има на испит.
Луѓе дали некој има книги со политички студии и содржини,ми треба некаква книга со политички науки дали имате онлајн или на ПДФ ? дали некој знае каде можам да најдам,на гугл пребарав ама не ми илзегват пошто не знам конкретно име на таква книга
Ве молам помош... Учиме културно историско наследство, а мене многу многу историја не ме интересира. Кажете како полесно да ги учам лекциите?
Зимам книгата подвлекувам што е најважно, читам и во глава си правам филм. Поише пати на памет иам учено.
Секогаш учев со разбирање, напамет не знаев никако Затоа историја сум тапа, учев колку за оцена,а ништо немам буквално ништо запаметено, не знаев како да учам Средно и онака не учев многу, а бев одлична и факултет исто, теорија ми беше многу тешко да учам и затоа заглавував со тие предмети, задачи супер ќе вежбав една недела пред колоквиуми/испити