Pa i jajas vo osnovno nikogas ne sakav istorija... Duri i si velev, podobro matematika da ucam otkolku istorija... No ete imav strog ucitel i toj mnogu barase kako samo po negoviot predmet da imame za ucenje... I sto ke pravev, ucev kako luda napamet po istorija i sega apsolutno nisto ne pamtam
Jas luge na pamet ucam so razbiranje nezam mozi imam po nekoj predmet uceno ama poketo na pamet. Daj kazete kako ucite so razbiranje?
Оваа година се префрлив вонредно на факултет и ме фаќа паника како ќе научам без да слушам предавања. Исто така испитите ќе бидат усно. Дали може да кажете некое ваше искуство како сте учеле доколку сте биле вонредно, некои техники, финти..
Користи интернет наместо предавања. Има доста ресурси ако избараш добро, дури и повеќе од тоа што нудат на факултетите.
Чим усно ти се испитите, претпоставувам нешто општествено студираш, можеш со свои зборови да расажуваш. Читај го матријалот уште од сега, посвети 2 часа во денот, и да се 20 минути, колку да прочиташ нешто и напиши си на лист што памтиш или на што те асоцира пасусот.
Јас прво го делам материјалот на деновите што ми се предвидени за учење. Пример имам 7 дена до испитот( обично учам 7 дена), ги делам страните за 5 дена да учам активно и последните 2 дена повторувам цел материјал. Мене испитите ми се усно, од прилика над 350 стр и успевам секогаш на овој начин, би сакала да сменам нешто ама немам пробано баш друг начин за учење.
Зависи од тоа каков испит е, усмено, писмено, заокружување... И колку има за учење, од мал испит од 300 страни до обемен од 2000 страни. Учењето како студент без работно искуство, е бубање, претпоставки на ситуации, за да ги сфатиш. Мислиш дека си сфатил, ама само си научил хипотетичка ситуација. И затоа одзема повеќе време за учење. Тогаш Делев на денови, учев по 16 саати со две паузи на ден, една недела и немаше утка. После вработување, кога знаеш што читаш и имаш искуство со материјалот еднаш само читаш, како роман. На пример, правосуден положив од прва, само граѓанско се измачив учејќи. Другото многу ми беше јасно. Потешко ми било кога требало да полагам испити на англиски, од 12, 7-8 беа со есеи, пишување одговор на прашањето на табаци ( ворд документи) и тогаш има ситуации кога не ти текнува конкретниот збор на англиски па вртиш одоколу. И затоа повеќе време сум учела. Дефиниции мразев цел живот. Тие пред полагање ги бубав. Набројувањата ги учев со делење по некој критериум, по важност или нешто слично. До испит не јадев за да не ми оди крвта у желудникот луда кога остарев ми требаше шеќер па јадев пред испит
Некои испити ги спремам 5 дена пред полагање, а некои и цел месец (пак со толку учење вадам просечно 7). Битно ми е само да положам, не се замарам за оцени и најглавното од предметот да ми остане во меморија.. Учам колку ми се учи во денот. Некогаш некои 20 страни ми се полесни од некои 10 страни, затоа не делам по страници. Цртам, раскажувам, некогаш и само читам од книга или презентации. Зависи што како ќе сфатам, колку нешто ми е интересно и кој пат го полагам нештото. Најмногу учам неколку денови пред испит, сум учела и по 20 часа во ден, сум одела на испит со 1-2 часа спиење. Најчесто додека не помине испитот и не јадам ништо тие 12-16 часа пред испит, со сила ме тера мајка ми да јадам, немам желба за ништо, сконцентрирана сум на полагањето и ништо друго не ме интересира. Нездраво, но така функционирам цели 7 семестри веќе.
Јас прво што го правам ја читам цела лекција па од секој пасус подвлекувам тоа што е најбитно па потоа почнувам да учам и се додека не го научам едниот пасус тоест не го запамтам неможам да се префрлам на другиот. Учам на глас и морам да бидам потполно сама. Неможам со луѓе или пример во дневна или на друго место затоа што и средината ми влијае, телефонот секогаш го ставам на нечујно и подалеку од мене да не ме деконцентрира за една лекција најмалку ми треба до 2-3 часа да ја научам зависи колку е голема
450 страни за 10 дена можно е да се спремат? еднаш веќе ми е прочитана книгата, доста тежок материјал е и има доста детали за учење и памтење. Ако сте успеале да спремите 450 страни за 10 дена ве молам пишете ми, бар надеж да си имам.
Se zavisi od toa shto sakash da dobiesh i od tezhinata na knigata (se razbira i od tvojata zhelba i disciplina). Definitivno mozhesh da naucish kolku da polozhish, mislam deka ima shansi i za poveke dokolku ne e celata kniga za pamtenje i dokolku ubavo sednesh i naucish. Srekno
Прво разбери ја суштината на тоа што го учиш...тогаш многубројните детаљи ќе ги намалиш на скромен број на детаљи кои сами по себе со леснотија ќе ти се наметнуваат и ќе ти се закрепат во свеста без да вложуваш напор пошто се си сфатила и нема да развиеш фобија од бројката од 450 страни па да ти прави притисок тоа...само учи го материјалот со љубов...тогаш се оди многу побрзо
Јас сум од клубот на оние што учат навечер Не дека преку ден не можам, ама имам тотален дефокус и мува да прелета ми одзема внимание. Бидејќи имам студирано природна наука, и полагањето на еден испит ми беше два три пати зависи од предметниот наставник, полагав практично (задачи) теорија, и некогаш плус влезни колоквиуми и тестови за потпис. За задачите сум пуштала тивка музика од типот smooth jazz, relaxing music, studying music, etc... Кога било учење теорија, прашања, и сл сум учела во целосна тишина, навечер, турско кафе пред мене,некад пред испит ред бул вода, и нешто благо. Пошо книги немавме, кубуревме од презентации, и нешто што ќе се снајдеш сам од интернет,или книги на српски англиски. Сум си правела лично јас материјал за учење, мала скрипта со она што е најважно, и се бара на испит. Додека ја спремам персоналната скрипта автоматски се запознавам со материјата и пола ја учам. Доколку нешто не сум можела да запамтам, сум гуглала и со свои зборови сум го дефинирала за полесно. Доста шеми сум цртала, па тие реакции, формули, хемии и чуда сум ги учела преку цртеж и после од самиот цртеж сум си раскажувала на глас. Дефинитивно мене полесно ми било да раскажам преку пишување, него усно. Многу е важно за оние што учат со разбирање е да имаат голем фонд на зборови, односно богата лексика, тогаш воопшто нема да имате проблем да се изразите во писмена форма или усно. Најважно е да се потрудите да навлезете во суштината и да пробате да разберете за што станува збор. Истотака сум користела пенкала и маркери во различна боја, стикери, ми помагаат во разликување на поглавјата, и особено при набројување кога ми е обележано со различно пенкало полесно го помнам. Гасење телефонот, и максимална концетрација. Научно е докажано, а и јас од мој аспект потврдувам дека учењето од 4 до 5 сабајле е најпродуктивен период и се што ќе прочиташ тогаш се меморира во мозокот. Спојлер: Хинт За подобрување на концентрацијата и функцијата на мозокот зголемете внес на ореви Со среќа на сите