исто како мене секогаш учам стоејќи, шетајќи низ собата во која моментално учам .. не мора да биде тишина .. можам со музика, тв, па и некои муабет да си прават нема да ми пречат ... не учам дел по дел, туку ја читам целата лекција неколку пати после го затварам учебникот, раскажувам (кога раскажувам најубаво ми е со рацете во џеб - ако го имам) ако е голема лекцијата можно е дел по дел, ама тоа многу ретко го правам ..
Па во последно време учам и со музика,онака опуштено,релаксирано.Некако кога има музика имам поголема атмосфера за учење.А инаку го читам материјалот,го подвлекувам најбитното и потоа го учам.
Јас не знам како може некој да учи со музика. Вака би изгледало моето учење со музика. Си пуштам музиче, седнувам над книгата и почнувам да читам... И така малку по малку повеќе внимание почнувам да обрнувам на музичето и ќе почне фазата на daydreaming. Па така едни прекрасни филмчиња ќе си направам и ќе си ги изгледам и ќе ми биде како да сум си дала рилекс терапија Е затоа доаѓам од работа, дремнувам еден саат, и седнувам да учам во потполна тишина. Прво го читам целиот материјал да ја сфатам суштината и потоа го поделувам на делчиња и го вадам најважното. Откако ќе ги научам сите делови, пак се концентрирам на целата слика и кога се осеќам сигурна дека се сум сфатила и запомнила, тогаш ми е научено. Па после пуштам музиче
ХАха и мене ми се чудат ама ете таков начин практикувам,се разбира на потивко,не да рокнам музика до даска ее дури тогаш ќе "научам се"
Доцна навечер, по можност полноќ да е преминат. И никој друг во просторијата во која што сум. Читам пустам штурам, зависно од расположение.
Сум заборавила да спомнам, никако да немам часовник блиску до мене или мобилен. Така ми паѓа концентрација многу бидејќи на секои две минутки гледам во него, со надеж што побрзо да завршам.
И јас учам после полноќ, многу често го гледам изгрејсонцето покрај книгата. Учам во себе, ретко кога подвлекувам нешто, ептен ако не ми е јасно, па се задржувам неколку минути на истото и тоа веќе на глас оди за да го сфатам кое е од каде е дојдено. Мразам на памет учење и не ги разбирам таквите. Хемија учам со музика, обожавам да си пишувам формули. Кога веќе мислам дека сум совладала, станувам, земам книгата в раце и вртам низ соба како куче Си повторувам гласно и мафтам со раце (близнаци ) . Мразам некој да ми речи ај раскажи ми, ме фаќа паника и мислам дека ќе се изгубам. Претпочитам писмено да се изразувам на училиште.
Мене ми е најважно собата во која учам да е суредена и чиста. Ако има нешто растурено погледот цело време ќе ми мава на таа страна. Седнувам и го делам материјалот на делови, најмногу до пет. Подвлекувам се' што ми се гледа важно, а забележувам детали кои никој не ги ни погледнува, за`да на крај испадне дека такви ситници се паѓаат најчесто. Додека подвлекувам со маркер, си правам напоредно во тетратка мал концепт, со зборчиња и симболи, стрелки и знаци, во кој само јас знам да се снајдам. Ама доволно е да фрлам еден поглед и да ми текне. Плус, тука игра фактор фото-меморијата, ако не ми текнува од книгата, ќе ми текне од мојата шема во тетратката. Слично како Марама, кога се' ми е обележано, станувам и одам низ соба, учејќи и повторувајќи на глас. Мобилен исклучен, компјутер исклучен и не гледам на саат. Многу светлина, вода и кафе. И учам потполно сама, во тишина, без луѓе или музика. И резултатот бил одличен. Пробајте, нема да зажалите.
Не ми се верува јас колку се сменив за само неколку месеци. Од најголемата ноќна птица која постоеше. и која не можеше да си замисли да учи на ден, се навикнав да одам во читална и таму да учам. Вака ми е подобро, и стасувам и се наспивам. Кога учев ноќе вечно ненаспана бев.
Истоо !! Само што имам само вода покрај мене и не ја средувам собата туку одам да учам во друга која е средена
Најпрво да сум целосно изолирана од сите. Изгаснат телевизор, компјутер, никаков сат до мене што би ми ја одзело концентрацијата. Најубаво ми е да учам навечер, но доколку учам денски ја затемнувам собата и пуштам ламба. Не знам зошто едноставно поубаво ми е така. Учам гласно и откако ќе научам станувам и шетам и си преповторувам што сум запомила. И некогаш си правам некој концепт на тетратка зашто повеќе памтам визуелно кога ќе видам, па на испит и да не ми текнува нешто, најчесто се сеќавам на концептот.
Учев во добор осветлена и чиста соба! Во тишина и секогаш во себе! Се уморував кога учев на глас, па затоа си развив навика да учам во себе! Подвелкував или запишував на страна нешто на кое требаше да обратам поголемо внимание... и секогаш повторував! Откако ќе завршам со учење го повторував наученото за да сфтама дали сум добро научила!
Јас учам во потполна тишина, никакво шушкање, ни телевизор, ни компјутер, ни саат и во никој случај мува, тоа најмногу ме нервира. Учам на глас, секогаш. Значи прво го читам во себе и си ги претставувам работите т.е. ја поврзувам логиката. Ме разбравте де . Подвлекувам со 2 маркери, со еден повпечатлив насловите и најважните делови, а со другиот помалку важните, но сепак важни. Некогаш правам шема во тетратка и тоа доста ми помага.
Немам некој посебен метод на учење. Едноставно седнувам и читам по делови (читав и во книгата по психологија дека тоа е многу полесен начин за учење), обично си ставам кока кола за дополнително уживање. Иначе никако не можам да учам во потполна тишина, едноставно ми бега концентрацијата. Обично палам клима за да бучи или го оставам компјутерот вклучен.
ех пусто ме вративте на начините на кој учев, и верувале или не ми се приучи. е сеа се разочарав али од октомври право на посдипломски. него ајде да ви ја кажам мојата рутина за учење. се враќам од факс, ќе си дремнев 1 саат, станував нес кафето во рака, гасев музика, компјутер и цела техника што ми брмчи ќе си седнев на теписон ке си се распостелев онака широко и почнував Спојлер оф сега гледам кој рутини сум ги имала маркерот во рака читам еднаш после повторно повлекувам и учам.. значи дел по дел го читам првиот дел и раскажувам па се натака. и да не заборавам по дифолт сите книги ми се со маркер во две бои знаете нај битното и битното што треба да се знае, или бар набројувањата мора да ми се во различна боја од нивното објаснување и успехот ми бил секогаш загарантиран, а јас останував без книги сите учеа од моите
Прво го читам предвидениот дел, пополека еднаш ( и со самото читање ми влегуваат по глава некои работи ), потоа пак го читам, но сега со маркер или подвлекувам или на лист си ги запишувам битните работи и потоа се обидувам од листот кај што сум запишувала да си повторам брз онсова да тоа што имам запишано како битно... :geek: Едит* - Инаку учам претежно навечер, зашто преку ден кај мене дома неможе да има тишина (а во читална не сум навикната да одам, дома ми е поубаво )
uci, uci glava buci heheehheh lesno e koga veke imas rutina, i si ja sledis ama ako si napravil pauza od 10 god i se vrakas povtorno na drugaruvanjeto so knigite e togas e problem. znaci pred 10 god imav dobro sovladana tehnika ucev sama, i vo sebe i taka si preraskazuvav se so razbiranje i nikogas ne bese problem, ama koga veke se soociv so problemot lleeleeeeee..... maki..... pa probuvam da se prisetam ama bez uspeh , pa ajde navecer nisto, pa ajde nautro nikakov uspeh non stop mozokot nekade lutase i krajna solucija knigite vtorba, mal sendvic, kafe, i voda i pravo vo biblioteka..... toj e mojot metod sega isto ucam vo sebe no za razlika od porano sega preraskazuvam pismeno i taka pocna da deluva, koga i da izgubam koncentracija se vrtam okolu site nesto citkaat i mi se dobar motiv.. [mod-kirilica:1zl5vsci][/mod-kirilica:1zl5vsci]
Мене сите книги и скрипти од факс ми се ишарани со фломастери и боички во сите бои. Таков метод имам на учење Многу важните факти со една боја, помалку важните со друга, наслови во трета..... тоа го правам на првото читање, кога одлучувам што е важно што не. После читам пак и пак, додека не научам. Кога ќе ми текне после и во која боја иа на која страна е одговорот значи дека сум научила
Кога учам секогаш гледам прво да го поминам целиот материјал т.е.да ја прочитам целата книга што ми е за учење.Така добивам претстава за целата тема и работите ми се јасни.Додека читам тоа што сметам дека е најглавно го подвлекувам со маркер и потоа го учам.Ваквиот начин е најдобар барем за мене затоа што едно се надополнува со друго и многу полесно е да го учеш тоа кога веќе имаш претстава за целата материја.Инаку учам во тишина и во себе, не поднесувам некој да се мотка околу мене тоа ме деконцентрира.