Јас кога учам сега за на факултет, читам само и паметам, некако меморијата ми е добра . Инаку учам во тишина, ама не би ми сметала и да не е потполна тишина. Обожавам да читам навечер. И во средно кога учев само навечер учев. Некако најубаво ми е така. А во врска со подвлекувањето, ја немам таа навика и никогаш не сум подвлекувала додека учам
јас лекцијата си ја снимам на телефон и после си ја слушам се додека не ја запамтам ... не учам на памет но се трудам да запамтам голем дел од лекцијата... за жал има професори кои бараат се до збор да се знае и тогаш е малку потешко ...Лекциите ги повторувам на глас пред огледало и неможам во друштво да учам =)
Учам во себе секогаш... И да има некој друг во соба не би ми сметало некогаш ако сум добро сконцентрирана.... А во последно време многу ги слушам професорите така да не учам многу само пред часот прочитам и толку или ако седнам да учам највеќе од 5-10мин и толку
Секогаш учам 2-3 дена пред испит, во најлош случај ден пред испит! Ова ми е многу глупава навика и никогаш не стигнувам на време да научам се, ама пак не се жалам на оценките. Сега вака, бидејќи 90% од материјалот што ми е за учење се состои од задачи најчесто учам со колеги во читална или кај некој дома, следува разгледување на материјалот кој е наменет за испит, изведување на формулите, решавање примери објаснување на она што не ни е јасно, а потоа дома ја пишувам домашната па ја проверувам да видам каде грешам, потоа вежбам од збирка повторно каде што можам да го видам и проверам решението. Материјалот кој што ми е составен од теорија прво седнувам и го читам еднаш, поделен на теми секако па потоа повторно ја читам цела тема од каде што ги вадам - подвлекувам најбитните работи, потоа тие главни работи ги препишувам на листови и од нив ги учам, т.е. читам 2-3 пати. Доколку материјалот од теоријата е даден во прашања, ги барам прашањата во книга, го барам одговорот и повторно ги препишувам на листови па потоа ги учам. Тоа е она што мора да го правам, да препишам па да учам, вака од книга дирекно неможам да учам. Среќа што нема многу теорија па немора д се убивам од препишувања
Јас најчесто ќе ја поделам лекцијата на делчиња и ги учам на глас , секое посебно па после сите заедно ги раскажувам. Пуштам во позадина тивко некои класични композиции , омилена ми е За Елиза од Бетовен. Увидов дека со музика полесно се учи.
Јас најчесто учам на тишина но не ми смета ако има некој , зошто сум внесена во тоа и друг не регистрирам Германски и англиски учам така што прво ги научам зборовите или лекциите па затворам книгата и ги напишам зборовите на лист , ги проверам ако имам грешки си ги научам поубаво зборовите и пак на лифче тие што ми биле грешни.А некој потешки лекции или за пред тест си ја раскажам лекцијата на лист и ја прочитам неколку пати и готово научена ми е . Математика пред тест најчесто вежбам со татко ми или сама , но секој ден ни дават домашно и со секое решавање си ги вежбам задачите , а за тест само препешам и повторам.
Имам некоја лоша навика стекнато уште во средно, да запишувам забелешки на страна и да ги бележам најважните работи. Додека не ми помине низ рака - не се чувствувам сигурно. Арно ама, сега на факултет имам многу обемен материјал, па не секогаш имам време, а ни нерви да фаќам забелешки. Имам испишано којзнае колку тетратки и тефтери. Учам со тоа што го подвлекувам најважното од материјалот со маркер, го читам материјалот два пати, а потоа само тоа што ми е обележано го повторувам. Навикната сум да учам и во тишина и во галама, така што тоа не ми е проблем. Проблем ми е што се укочувам од седење, ме боли кичмата после тоа и морам да правам паузи, да земам воздух малку на тераса и да ги истегнам мускулите.
јас кога учам морам да запишувам. Иако на факултет има доста материјал полесно ми е кога со свои зборови ќе си објаснам нешто. не ми се јасни луѓето што само по 100 пати ја читаат лекцијата и после се жалат колку било тешко. Па само со читање никој не научил
Прво еднаш го читам цел материјал, потоа подвлекувам што е најбитното и на кое треба да му обрнам најмногу внимание... и потоа читам уште еднаш, два пати и толкуууу. Најчесто ми е доста и учам најмногу 4-5 дена пред испит.Досега се покажало ефективен, и можам да се пофалам дека паметам работи и дури пред година две што сум ги учела... со едно читање сум спремна Имам некој чуден начин на памтење, паметам тој дел што ми е прашањето на пример во кој дел од страната ми се наоѓа хаха.Иначе обично читам во себе, и не ми пречат ни муабети ни ништо.Само ми е потребно добро да се сконцентрирам
Учам исклучиво на глас...имам пробано да раскажувам во себе, не успеав ни 3 збора да кажам ми отиде мозокот на пасење секогаш правам шема, и пишувам многу, од пишувањето учам а потоа се шеткам низ мојата ( мала ) соба и го кажувам наученото, како да зборам со некој за тоа...така ми е најлесно..
За поголема концентација најубаво е во светла убаво проветрена соба со малку предмети затоа што се загледувам негде прво ја читам лекцијата па на некој лист или тетратка ја скратувам(побитните делови ги запишувам) ја читам ја раскажувам со ѕиркање и така неколку пати и ке ја научам
Прво сакам се околу мене да е средено зошто многу се нервирам кога околу мене има се и сешто. Ја читам лекцијата, доволно е еднаш ако мислам дека нема да ме испрашаат, а и брзо ја сваќам ако сум сконцентрирана. Ако е битно (за некој тест/писмена или ако е важна лекција) тогаш може и на лист да си ја раскажам. Кога мислам дека сум научена, ја отварам книгата и деловите со болдираните букви ги разгледувам и ако знам што треба да се каже во тој дел затворам . Ако не ми се учи, прво си пуштам малку музика за да се сконцертрирам, а после гасам затоа што побрзо учам кога не слушам ништо. Дома многу и не учам, бидејќи на училиште следам и веќе поголемиот дел ми е од таму научен. Не практикувам пред часот да повторувам зошто така повеќе ќе се вознемирам и возбудам и потешко оди така.
А вие што сте на факултет како учите како спремате лекција има многу тешки предмети што тешко се спремаат за оние што ја сфаќаат со едно читање лекцијата лесно му е а на другите му е потребно време за да ја сфатат лекцијата јас на пример учам делче по делче само со читање не можам да ја сфатам лекцијата освен понекогаш ако мие премногу тешка тогаш морам со сфаќање да учам И колку време ви е потребно за да научите една лекција т.е. колку сати ?????? Јас учам понекогаш и по цел ден
А како учиш поинаку ако не со сфаќање? Ако нештото го имаш научено, се подразбира да го разбираш тоа, да го сфаќаш...
Ако не се учи со сфаќање се учи на памет. Не разбираш што учиш, само го бубаш материјалот од збор до збор. Овој стил на учење е најлош, при усно одговарање, да те пресече со еден збор, потоа не знаеш каде си застанал и бидејќи си учел на памет не можеш да се вратиш И професорот веднаш забележува дека всушност ни збор не си разбрал од материјалот. Е такво е учењето без сфаќање и разбирање на материјалот.
Абе знам јас што значи учење без сфаќање, само си реков прво девојчево да си каже само, да не испадне дека брзините сме ги измешале. Инаку, воопшто не го одобрувам ваквиот начин на учење и не го практикувам. Всушност, јас не ни знам да учам на памет. Никогаш тоа не ми одеше од рака.
Јас само некои предмети што навистина не можев да ги сварам ги учев на памет. Тогаш немаш избор, едноставно не го разбираш материјалот и си го бубаш само од зборче до зборче. На тестови се поминува вака, кога имаш концентрација, па можеш убаво да си размислуваш.
Јас читам во себе по неколку пати 4-5 реченици, а потоа ги раскажувам на глас И најмногу мразам ако има некој до мене, сакам да е потполна тишина!!! Им се восхитувам на оние што можат да учат со музика...
Завршив еден факултет , сега сум на втор и уште не можам да сватам како учат тие на памет . Ја прочитувам темата еднаш, ако мислам дека сум ја научила ок одам на друга ако не ја прочитува уште еднаш, некои делови ги прочитувам на глас но не можеш цела книга да ја читам на глас. Секогаш учам со разбирање и си кажувам со свои зборови. Собата треба да ми добро осветлена, да се слушне и мува да пролета.Е сега имам еден проблем , сега ке полагам 5 предмети усно а до сега не сум полагала усно и ме фаќа голема паника
Друго е на факултет, а друго е во средно. Не може да се спореди материјалот од средно и од факултет. Лекциите во средно можат да се учат на памет, од час за час, ама на факултет тоа не е можно. Толку обемен материјал да го учиш на памет не е возможно, а и целта на факултетот не е таа. Работата е да го разбереш материјалот и нешто да ти остане во главата. Не учиш само за оценка, туку учиш за да знаеш, за кога тоа ќе ти стане професија да не се изгубиш, туку да бидеш подготвен