Исклучиво со пишување! Ја читам лекцијата за разбирање, си правам мои шеми и планчиња, ги запишувам најважните факти, врз основа на лекцијата сама си составувам прашања и одговарам на истите Поубав начин на учење амин!
Јас го читам делот 2-3 пати и после неколку пати го раскажувам итн. Кога ќе ги научам сите делови ја раскажувам целата. Кога завршувам се релаксирам со музика и благо
Јас додека бев средно повеќето го учев на памет зашто такви ми беа предметите, а сега сум на факс за англиски јазик и книжевност и таков ми е материјалот што морам да го читам и раскажувам, а секако за учење ми е потребна потполна тишина А факт е дека насабајле многу полесно и побрзо се памти, ама кој да станува хехе
Учам најчесто навечер, во соба кај што сум сама. Во тишина. Тогаш сум нај сконцентрирана. Ја читам цела лекција, за да сфатам за што се работи, па ја делам на пасуси. Го учам-го раскажувам. На крај ја раскажувам цела лекција. И да, морам да стојам, никако да седам. Понекогаш и шетам низ соба. И, додека учам не, ама кога раскажувам морам да „мафтам„ со рацете!
девојки јас барам совет као да останам будна навечер за да учам... пробав кафиња ред бул ама се тоа е ок до 23ч максимум 23 30. после тоа мозокот ми спие неможам едноставно паѓам, ме депримира темното и тишината и ме успива, дали да пуштам телевизор, да дрдори но се плашам да ме деконцентрира... ај кажете што правите за да останите будни и квалитетно да се учи?
И јас го имав истиот проблем како тебе, не можев да учам навечер. Инаку зелениот чај ме држеше будна и концентрирана, но сепак многу поубаво и полесно учев преку ден. Затоа избегнував да учам навечер, само кога ептен морав. Пробај со зелен чај без шеќер, мислам ќе те држи будна и концентрирана. И пробај да си пуштиш музика во позадина, не гласна, звукот нека ти биде на средина, немој некои бавни песни, но немој ни некои ептен брзи и шо тераат на играње Мене поп-песничките на Бритни од 90-тите секогаш ми упалуваа
По некоја логика, најефикасно е учењето наутро. Мозокот е одморен и спремен за работа. Заради тоа практикувам да учам штом се разбудам, освен кога сум втора смена па повеќето го учам кога ќе си дојдам за сабајлето да спијам. Инаку, за викенд си правам листа на предмети што треба да ги учам за неделата што доаѓа, па откако ќе научам нешто го штиклирам , преку неделата немам време да го правам ова. Бидејќи сум математички смер, и имам две математики, програмирање - предмети што се учат со пишување и решавање задачи, немам многу теорија. Лекции кога учам ја читам лекцијата 3 пати, па ја делам на неколку дела во зависност од смислата на деловите, па истите поединечно ги читам по 3 пати и 4 пат си се преслушувам т.е. си го разкажувам делот сама себе си. Ако има потреба си ја раскажувам и целата лекција (ова послено го практикувам пред повторување), ако не само пролистам наназад и во себе си направам еден план за што се раскажува. Ова до сега се покажало како ефикасно, од октомври кога ќе бидам студент е тогаш изгледа ќе треба да се смени методот. A да, и не можам да учам кога има галама не можам да се сконцентрирам. Сакам на тишина и на мир.
Најпрвин си правам листа на сите лекции кои треба да ги научам, а ако е некоја пообемна ја делам на неколку делчиња. Првин ја читам лекцијата еднаш два пати, за да сфатам што е поентата, па потоа почнувам параграф по параграф да го учам и раскажувам, па на крај цела лекција си ја раскажувам. После 2-3 научени лекции, правам пауза за цигарче и некоја песна, па пак се одпоново. Овој метод ми е најефикасен до сега
Пред се најважно нешто кога учам е да имам мир и тишина. Многу лесно може ми го одвелчат вниманието и после тешко концентрација хахаха Најлесно учам од сабајле (кога сум 2 смена нормално) ќе си станам кон 7:30-8:00 си пијам нескафе и се фрлам на учење. Тогаш обично сум сама дома, а да не сум сите ќе бидат заспани (се збори за брат ми ) па нормално и ќе биде многу тивко хахаха Исто така додека читам на страна на листови или во тетратка фаќам забелешки, ги запишувам најважните работи и после лесно можам да пофторам. Друго важно нешто е дека максимум можам 1 сат концентрирано да учам. После тоа правам одмор 10-15 мин (или на компјутер или на свеж воздух) па пак на рмбање. Е сеа ќе видиме како ќе биде на факултет
И јас учев навечер, се труев со кафиња , ред бул и сл, додека на нет не налетав на еден наш сајт , беше за семинари за брзо и ефективно учење, и таму имаше текст за тоа како работи мозокот. Еве, незнам дали баш треба да го поставам тука, модераторите нека средат. Многу наши телесни функции и нивните компоненти имаат дневни циклуси со успони и падови, на прмер температура, метаболизам, концентрација на хормони, дишење итн. Тие дневни циклуси се нарекуваат циркадијални ритмови. Нив ги одредува изложеноста на мозокот на дневна светлина. Некои ритмови се поврзани со циклусот на будност и спиењето. Овие ритмови ги контролираат мали групи на неурони (околу 10 000) сместени во предниот дел на лимбичкиот дел. Повеќето луѓе и сами забележуваат дека не функционираат подеднакво во секој дел од денот, па така ни способноста за фокусирање и учење не е иста во секој дел од денот. Тоа е така затоа што еден од нашите циркадијални ритмови управува со нашата способност за фокусирање на информациите со намера да ги научиме. Тој ритам може да го наречеме психолошко-когнитивен циклус. Тој прилично се поклопува кај предадолесцентите и кај возрасните луѓе, но кај адолесцентите почнува околу 1 час подоцна. На претходното ниво се враќа кога адолесцентите ќе навлезат во зрелост, најчесто на возраст од 22 до 24 години. Кај предадолесцентите и возрасните луѓе врвот на когнитивниот циклус почнува околу седум часот наутро и трае до пладне (цело време зборуваме во приближни вредности). Тогаш доаѓа до пад кој може да потрае и околу саат време. Во тој период учењето и понатаму е можно но ќе ви биде потребен поголем напор. После тоа когнитивната способност расте, но веќе не ја достигнува онаа висина како претпладнето. Сепак доволно е на високо ниво и овозможува квалитетно учење со благо опаѓање се до околу десет часот навечер. Кај адолесцентите сето ова се случува со еден час задоцнување. Тоа е причината зошти тинејџерите често наутро се поспани, што се одразува на квалитетот на учење. Овој ритам се пренесува и на ритамот на спиење. Адолесцентите заспиваат подоцна (не само заради излегувањата!) и се будат подоцна во склад со своите телесни ритмови. Со оглед на тоа дека почетокот на наставата не е во скалд со нивните ритмови, доаѓа до хронична ненаспаност која има далекусежни последици. Префрлувањето на информациите во долгорочната меморија се случува во текот на спиењето, поточно, во текот на REM фазата (rapid-eye movement). Додека спиеме, нашиот мозок ги прегледува дневните настани и задачи кои ги складира на посигурно во однос на тоа како сме ги зачувале претходно. Тоа што го мислиме и говориме додека сме будни во голема мерка влијае на обликот на консолидирање на меморијата која се случува во текот на спиењето. Ова можеби објаснува зошто луѓето кои ќе се присетат на важните податоци пред спиење веројатно утре ќе се сетат на истите додека го пишуваат тестот. Квалитетниот сон е клучен за процесот на меморирање, особено кај младите. Повеќето тинејџери треба да спијат околу 9 часа секоја ноќ, но многумина од нив не спијат доволно од веќе наведените причини. Не само што продолжуваат да се проѕевнуваат, туку со спиење 2-3 часа помалку од потребното губат 2 REM циклуси со што се скратува времето во кое мозокот ги консолидира информациите во долгорочната меморија. Па оттука многу е веројатно тоа да доведе до послаби оценки и до пад на самодовербата. Ненаспаните ученици се склони повеќе кон депресивни расположенија. Некои видови меморија се консолидираат и додека сме будни (на пример, декларативната меморија), и изгледа дека не се сите подеднакво зависни од REM фазата. Меѓутоа, REM фазата и понатаму е многу важна, а спиењето не игра улога само во помнењето туку и во многу други телесни процеси. Затоа неопходно е да ги потсетувате учениците и студентите на важноста од доволен и квалитетен сон за нивното ментално и физичко здравје. Многумина од нас сметаат дека немаат доволно време за креативност. Но овде испуштаме од вид еден факт а тоа е дека е креативноста може да се случува во секој момент. Кога ќе се каже да се случува тогаш се мисли дека секој ден, цел живот може да биде проткаен со креативност. Од сега нема шанси да учам навечер, и последниот ден пред испит
сето убаво, нели секој со својот ритам ама јас немам можност да учам преку ден освен викенд, преку недела се будам пред 7 на работа цел ден се враќам кај 6, па ручек да дремнам малку и пак ноќ ме фаќа...ама ајде ќе пробам со зелениот чај ... фала девојки се врќам на учење јас
Јас колку дооолго учам Прво една реченица ја читам додека не ја запамтам и после другата па после двете наеднаш ги кажувам и така се доо крај .. Додека учам секогаш ке се замислам во нешто, ќе се загледам негде и коа гледам цел ден ми поминал во зјапање надвор од книгата .. хахаха
Јас пак кога учам сакам музика, бучава од компјутер или некое шушкање! На мирно нема шанси ништо да запомтам. Цело време вниманието ќе ми биде на друго место. Дури и у школо кога одговарам или читаме нешто бучавата од компјутер ми делува смирувачки. И секогаш учам навечер! Нема шанси преку ден да земам книга, а и да земам нема ништо да запомнам. Ете така сум научена. И си чекам јас фино лепо 19 часот па тогаш потчитнувам нешто и најубаво ми е. Пред компјутер.
И јас вака правам. Учам обавезно на глас, по можност да нема никаква бучава околу мене. Компјутерот е уклучен, ама само кога треба да побарам нешто на нет (зашто нажалост (барем на нашиов медицински факултет)се уште немаме асално преведени и издадени книги за учење, па го знаете оној метод ресавска школа ).Фаќам прибелешки, зависно тежината на предметот. Кога сум на предавања гледам максимално да се сконцентрирам на она што го зборува професорот зашто така ми треба многу помалку време за да ја научам лекцијата дома. И се разбира учење лекцијашки, лекција по лекција, а не како што прават некои само пред испрашување или пред колоквиум или испит (така нема да се запамти ништо - премногу информации,а и самиот се потеретуваш и уште повеќе се нервираш.) Позз
Хаххахаха и јас исто.....во состојба сум цел ден да го отепак и пак нишо да не научам.....битно моите ме виделе со книга во раце
Јас ја читам лекцијата на делови,ги подвлечувам важните реченици во лекцијата.Неможам да ја читам лекцијата со присуство на некој во соба додека се сконцентрирам.Ја читам целата лекција.И на крај по прашања.Така ги учам лекциите!!
Најпрвин ми треба тишина и концентрација.Лекцијата ја делам на пасуси и си ги читам по три пати тоа ми е доволно за да ги запаметам, најбитните работи си ги запишувам и листот го користам како потсетник
Јас учам така што ќе прочитам две-три реченици и после ќе ги повторувам додека не ги научамм.... Како на пример еве сега три сати веќе учам анатомија од почетокот се наеднаш сватив ... па сега се блокиравв... зато сега цела вечер будна ќе останам и да си научамм
Значи јас секогаш се трудам најпрво да најдам некоја логика кај нештата па после да ги научам. На памет ама ич не можам да учам. Жив пример сега зедов прирачникот да почнам да читам нешто за матурата што ќе ја полагаме и читав за Шекспир, за Ромео и Јулија. Ги гледам тие презимињата нивни Ромео бил Монтеки а Јулија Капулети. Викам епа овие нема шанси да ги запомнам, па си пронајдов моја будалеста логика...Ромео е монтка, а Јулија капут и одма ги запомнив сега и во сон ги знам Не ми се смејте само