1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите методи и техники на учење

Дискусија во 'Образование' започната од karina8, 26 октомври 2010.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Неколку техники како да учите поефективно !!!

    Секој има различни техники и навики како го поминува времето над книгата. Сепак, главен услов за добро совладување на материјата е ефективноста, односно квалитетно потрошеното време учејќи. Нормално, со ефективноста цврсто се приклештени и принципиелноста и дисциплината, но и двете се тешки за остварување. Држејќи се до некои од овие совети, можеби ќе си олесните при процесот на учењето.Неколку техники како да учите поефективно
    Направете си распоред

    Распоредот ќе ви овозможи многу полесно да си го организирате времето кое планирате да го поминете учејќи. Во распоредот вметнете ги паузите и другите активности, кои планирате да ги направите и строго држете се според него. Можеби звучи едноставно и небитно, но добро испланираното време ќе ви овозможи поголема контрола и ќе постигнете одредено ниво на дисциплина.Неколку техники како да учите поефективно
    Учете одморени и во мирна средина

    Иако студентскиот живот „налага“ да се учи до раните утрински часови, сепак тоа е многу неправилно. Сонот е многу важен предуслов за доброто меморирање. Подобро станете порано, денот поминете го учејќи, а вечерта забавувајте се со пријателите и легнете порано. Непреспаните вечерни часови и дневното спиење можат само лошо да влијаат врз вашиот метаболизам. Учете во мирна средина, изолирани од секакви технички и комуникациски средства, а доколку таква немате, заминете во факултетската читална.Неколку техники како да учите поефективно
    Не читајте на глас и пишувајте забелешки

    Иако многумина го практикуваат, читањето на глас е многу погрешно за ефективноста. Анализите покажуваат дека читајќи на глас губиме 33% од брзината, а концентрирајќи се на читањето губиме голем дел од концентрацијата која ни е потребна да го чуеме и разбереме прочитаното. Пишувањето белешки е многу важно за лесно повторување на материјалот. Учејќи, сами можете да процените кој дел го сметате за поважен за веднаш уредно да го забележите во тефтер. Така, ќе си водите еден вид краток дневник за материјалот. Ќе ви биде од огромна полза.Неколку техники како да учите поефективно
    Блиц совети

    * Кога учите, сè што ви е потребно нека ви биде при рака. Не губете го драгоценото време барајќи ја потребната книга, некои забелешки или маркер. Пред да седнете, подгответе се добро, па потоа започнете.

    Неколку техники како да учите поефективно

    * Никогаш немојте да учите последните 30 минути пред да легнете на спиење.

    Неколку техники како да учите поефективно

    * Никогаш немојте да учите 30 до 90 минути после оброк.

    Неколку техники како да учите поефективно

    * Учете без прекинување најмногу 45 минути, а потоа направете 10 минутна пауза, па продолжете. Научно е докажано дека концентрацијата не може да ве држи повеќе.

    Неколку техники како да учите поефективно

    * Паузите кои ќе ги правите, треба бидат подалеку од местото каде што учите. За време на паузите дозволете си да мислите на нешто друго, немојте на материјалот.

    http://www.kafepauza.mk/zivot/nekolku-t ... efektivno/
     
    На parfemlilav, howdoyoudo, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Учам со пишување и некогаш мн. ми е мачно,но полесно ми е за повторување. Во последно време почнав и со музика да учам...некако ме опушта музиката и поубаво ми е :)
    Немам некои посебни техники,ритуали пред учење.Седнувам и тата-мата се правам :)
    Иначе имам читано дека кога си под притисок повеќе запомнуваш,што до негде е точно...
     
  3. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
  4. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Ова е техника на учење?? Не сум знаела!! :?:
     
  5. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    хмм......јас не можам да научам нешто ако не го сватам т.е ако не го разберам и не створам слика ;) ;)
     
  6. monalisa

    monalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Повеќе учам на час, отколку дома! Потребна ми е тишина, а музиката (нежната) е добредојдена.
     
    На howdoyoudo и Femina.mklover им се допаѓа ова.
  7. Femina.mklover

    Femina.mklover Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Za da ucam najvazno mi TISINA.Bez tisina lesno mi se odzema golem del od koncentracijata...Ne samo toa tuku i ako ne ucam vo tisina lesno ja zaboravam lekcijata iako sum ja ucela.Najmnogu mi odgovara da ucam navecer da me preslusa roditel ili postar i sama da se preslusam :lol: .Utredenta samo ja poftoruvam (dokolku sum popladne sekako)
    [mod-kirilica:11iknkgj][/mod-kirilica:11iknkgj]
     
  8. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    не е техника ама интересно ми беше а не сакав да отворам нова тема ;)
     
  9. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Со читање од книга не можам да научам затоа обично учам со пишување.
    го издвојувам најважното од лекцијата и го запишувам а потоа го учам.
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Си купив убава папка за се да изгледа интересно како да читаш книга или правиш ти што сакаш, а не што мораш.
    Маркери, пенкала во многу бои, стикери и така натаму.
    Зимам пред бел лист и како што ја учам лекцијата запишувам белешки за кога ќе повторувам или помош при испрашување. Додека не запаметам еден пасус кој ми е на кратко запишан на листот не преминувам на нов. :)
     
    На howdoyoudo и LittleDevil им се допаѓа ова.
  11. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.757
    Допаѓања:
    24.980
    Пол:
    Женски
    Прво да кажам дека најубаво учам и концентрацијата ми е солидна рано наутро.
    После, кафе обавезно.
    Е, сеа.. материјалот го прочитувам еднаш да видам од прилика што се работи. Побитните работи ги подвлекувам, или пак подвлекувам се читајќи, а каде што има празни места во книгата исто ѕврцкам некои побитни поими.. Книгите ми се лом.
    После доколку некаде запнам, нешто не го сфаќам или е посложено, си го упростувам по мое и го раскажувам во тетратка.. Или на некои листови, кои си ги чувам во папка..
    Бирото ми е хаос, ама добро си функционирам така..
     
    На FortuneTeller.xD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ги читам пасусите неколку пати ги раскажувам па цел урок го раскажувам уште еднаш :)
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас одамна завршив со ова, ама ќе ги кажам сопствените методи и техники, еве конкретно за спремање цел испит како потешко од совладување дел од материјал.

    При првото читање подвлекував со маркери или боички дефиниции и поважни податоци на страната. И остануваше само на читање без седнување и здраво учење да видам за што е материјалот во целост.

    Понатаму го делев материјалот според деновите кои ги имав за спремање пр. оптимално на ден 30 или 50 стр. ова сега од ракав сугерирам, сега имав и отстапувања од оптимумот секој ден не е ист некогаш натфрлав, но и потфрлав, ама во глобала се вртев околу просекот, :lol: .

    Да напоменам во живот не сум раскажувала, до крај читам само, при самото читање знам кога веќе ми е совладан материјалот и колку. За мене раскажувањето дали усно или писмено по тетратки секогаш било губење на време, ама ако некому му помага ок е да си го користи.

    Инаку учев во сите периоди на денот и ноќта но најдобро е во доцните ноќни, или па раните утрински часови кога има најмалку врева од околината и концентрацијата е најголема.
     
    На interesna и MandyLane им се допаѓа ова.
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Мене не ми требаат ни маркери, ни ливчиња, ни подвлекување, ни пишување. :D
    Јас ќе си земам книгата и правац во дневна или спална, во детска нема шанси нешто да научам. :shake:.Ќе си се испружам на кревет, телевизор уклучен, или па мајка ми и сестра ми кога гледаат лисјата јас си учам, ич не ми смета галама, ни да збори некој.
    Си ја делам лекцијата во делови па првиот, па вториот и така до крај, за 10-15 мин ја учам, многу брзо сфаќам.После се прелази на друга лекција, така до крај.
    Учам секогаш од денес за утре, нема шанси еве на пример денес нешто за во понеделник да учам, или вторник.За тест во 5 за 12 учам, односно ден-два пред да правам, исто и за испрашување.
     
    На JustSimple му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Бидејќи имам обемен материјал за учење, најлесно ми е да подвлекувам со маркери во различни бои. Некогаш и фаќам забелешки на страна, на пример некои поделби кои ми се потешки за да ги научам. Обично учам преку ноќ затоа што само тогаш имам целосна тишина и никој не ми пречи. Нес кафето ми станува најдобар другар за време на сесија, а и благото ми е многу важно за концентрација :)
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Нема учење, само препишување. :!: Шала.
    Па, обично, некоја лекција, ќе си ја прераскажам на мој начин, тоа што е по основното. И после, учам од тоа, делче по делче. И кога ќе завршам со цела лекција, ја прераскажувам неколку пати и подѕирнувам. Се додека не го научам перфектно, без подѕирднување.. И кога ќе завшам со сите лекции, пак ќе ги прочитам сите. За да не ги заборавам и првите. Најчесто учам на памет, и после неколку дена го заборавам. :worried: Ама зависи и од предметот.
    Иначе, и јас не го учам тоа што ми е за 3-4 дена, ќе го заборавам. Па после треба од почеток. :shake: Што се вика.. кога ќе ми дојде јајцето до г*от.
     
  17. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Дефинициите (најважното што треба да го знам) го ваѓам на лист од А4 формат. А потоа си ја читам целата лекција. Неколку пати, пасус по пасус. Потоа си ја повторувам лекцијата на глас, со затворен учебник. Доколку заглавам некаде, си се потсеќам. Најлесно ми е така. А некогаш учам и на глас.
    Откако ќе ја научам лекцијата, ги читам и претходните.
    Обавезно значи мора да е тишина, инаку се деконцентрирам. Најубаво ми е кога сум сама да учам. Никаква галама. Инаку, обично учам на дење, на вечер само повторувам.
     
  18. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Јас сум малку комплициран случај. :lol: Додека да се наканаааам на учаааам..Па после отварам книга ќе читнам и оп паметот да ти отишол на друго место јас на друго си мислам.И после гледам дека јас уствари сум почнала да учам,па читам отпоново,пробувам да раскажам.По пасуси.Некогаш (ако се работи за историја или сл) го пишувам најглавното од учебник на лист и си читам.Па раскажувам и така..Порано повеќе време ми требаше за да научам.Сега малку помалку од порано.Ама многу време трошам за малку материјал,што ли ќе правам на факултет :x ...
    пс:сестра ми ми кажа дека некаде прочитала дека ако неможам да се сконцентрирам додека учам да си ги облечам патиките.Ќе сум се осеќала спремна штознам.И уште не сум го пробала овој метод.Смешно нели? :D
     
  19. Sunshine0

    Sunshine0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    12
    Тежок тип сум за теорија. Најпрво ги вадам најбитните делови, си ги раскажувам на мој начин за да можам полесно да ги научам и ги пишувам на листови. Прво убаво ќе си ги напишам и подвечам во 3000 бои за да ми биде поинтересно за учење и потоа истото пак цело време го пишувам (ногописно) на листови за да можам да го научам. А ако земам да читам, џабе. Што влегло - тоа изглегло. Но, дополнително факултетот на кој студирам(електро :geek: ) се базира и на безброј задачи и програми. Задачи и програми решавам исклучиво со музика.
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Читање еднашка на целиот текст а потоа подвлекување со црвено или маркирање со флуоресцентно жолт или портокалов маркер на клучните реченици и истите ги препрочитувам по повеќе пати. Додатно концентрација ми дава ако има умерен џагор околу мене ама не да ми се дере на уво некој, туку онака десетици луѓе да прават бла бла.