Јас си зимам тетратка и и препишувам од учебникот во мои зборови. Тоа го правам околу 2/3 пати и после не учам ни на памет туку само си знам и добивам 5... добар метод е
Кога учам мора да сум сама. Ја читам лекцијата неколку пати, се обидувам да го сфатам тоа, ако е премногу тешко, нешто учам и на памет а потоа ја раскажувам лекцијата на глас
како прво мора да е тишина и да сум сама. па ке ја прочитам неколку пати лекцијата на глас и ке ја научам
Прво ја читам лекцијата па ја прераскажувам со мои зборови на лис запишувам и ми е многу полесно отколку да читам од книга. А секогаш полесно ми е учењето после 12 часот навечер ни самата незнам зошто. Нема шанси собајле да станам и да учам.
Си ја читам 1 до 2 пати лекцијата во себе, во зависност од тоа колку е тешка и тоа го правам за да видам што се збори во неа. Потоа размислувам што е најбитно, го подвлекувам со моливче и си ја читам уште еднаш, ама на глас. Доколку не ми е доволно еднаш, уште еднаш. Откако ќе ја прочитам на глас си ја раскажувам, исто така на глас.
Се затворам сама во соба (оти ако има некој тотално ме деконцентрира).Ги подвлекувам најважните работи си ги повторувам по неколку пати и ги раскажувам.Најлесен начин ми е тој и ми помага многу.
со пишување-значи извлекувам го најважното од таа лекција и си поставувам прашања,или како што рече cveke123 си зимам тетратка и препишувам од учебникот со мои зборови
Кога како сум расположена. 1. Учам на памет од точка до точка, што не е многу препорачлив метод. 2. Учам на памет, нешто ќе изменам, ќе кажам со свои зборови итн. 3. Земам тетратка, ја читам лекцијата неколку пати и запишувам се што треба да знам, па потоа го учам. 4. Го подвлекувам со моливче најглавното и она што треба да го знам. И за крај, да проверам колку сум научила неколку пати ќе си ја кажам лекцијата на глас и толку.
Читам прво (не на глас), подвлекувам клучни зборови, фрази, дефиниции, па потоа си раскажувам.. во зависност од материјалот некогаш вадам важни работи на посебен лист/тефтер. Практикувам да ми свири музика некоја релаксирачка за да не ми биде досадно, а најчесто имам некој до мене да ми прави друштво (дечко ми е жртвата)
Најпрво пребројувам колку страни имам за учење зошто материјалот ми е доста обемен.Потоа си пресметувам по колку страни имам на ден и акцијата почнува.Си зимам маркери и ги подвлекувам најважните работи.Читам пасус по пасус и си раскажувам во себе што сум запамтила.Немам обичај од кога ќе завршам да ја повторувам пак лекцијата,туку преоѓам на следната.Досега ова ми се покажа како најдобар начин за учење,ем брзо ем ефикасно
Предс е ми треба тишина. Ке ја прочитам лекцијата пет пати и ке ја раскажам ке го напишам домашното и готово.А ако учам за тест си правам план.Го вадам највашното и готаво тоа е тоа.
Ако се во прашање неколку лекции, си учам од учебник или од тетратка ако сме пишувале. Си ја делам лекцијата на неколку дела, го читам еднаш-два пати делот па си го раскажувам. Кога ќе дојдам до повторување на вториот дел, го повторувам и првиот.. тоа важи и за следните делови. Ако треба да учам повеќе лекции (годинава, по Деловно, лани - Бизнис) си пишувам на компјутер планови за лекциите со мои зборови. Ги опфаќам дефинициите, поделбите и најважните нешта. Пишувам на компјутер па си принтам зашто ми одзема каде-каде помалку време. Со пишувањето ја учам пола лекција, па после си читам еднаш, повторувам и тоа е тоа. Кога учам вокабулар од Италјански ги препишувам зборовите по неколку пати, да ги запаметам. А по Историја (за мене најкомплицираниот предмет) си пишувам години и настани во тетратка и така најлесно учам. Инаку секогаш станувам да одговарам на почеток на темата. После ми се збираат многу лекции и тродупло повеќе години и не можам ништо да запамтам. Кога учам практикувам да нема звуци премногу, да не ме деконцентрира, иако понекогаш знам тивка музика да пуштам. Читам на глас пред огледало (тоа ми доаѓа како и вежба за говоров) а потоа додека повторувам шетам низ малечкава ми соба.
Прво читам во себе неколку реда,неколку пати.После на глас ги кажувам без да гледам во учебник/тетратка.После така со другите реда,па ќе ја прочитам цела лекција,па пак ја кажувам цела на глас без гледање.А ако учам математика/физика/хемија прво учам дефиниции и формули,па ја читам лекцијата па решавам задачи.И ич неќам звуци кога учам.Не практикувам музика,уклучен телевизор или компјутер.Братучетка ми учи со музика и тоа си ја потпевнува.Па она поише се концентрира на музиката.Јас несакам.
Зависи што учам и за што учам.На пример ако учам математика/физика/хемија за тест а пред тоа ги знам лекциите тогаш само решавам задачи и најубаво ми е со музика,а ако не ги знам лекциите тогаш во тетратка ги пишувам исте важни дефиниции и формули за сите лекции додека го правам тоа може и музика па послем тоа ги учам тогаш без музика и кога ке почнам да решавам задачи тогаш со музика решавам.Географија/биологи/историја нив првин читам еден дел,па друг и така цела лекција и на крај цела ја прераскажувам.Македонски/англиски.франциски јазици значи нив дека не учам послем секој час затоа за тест или испрашување земам една празна тетратка ја пишува првин граматиката која ја имаме земено па зборовите ги пишувам и додека пишувам со музика а кога ќе ги учам (најчесто и послем пишувањето знам али во случај да незнам)без музика.Сите ми се чудат како учам со мизика али мене ми е така поубаво и ставам слушалки и пуштам некоја музика која го нзам текстот и така со потпевнуванје без да мислам дали е убава или лоша песната дека нели ја знам(затоа не пуштам радио туку песни што иг имам на мобилен)и така кога ќе решам некоја задача радосно уште повеќе си пејам и исто така мора да имам вода и грицки или нешто благо околу мене
Во осново- Учев веднаш штом ќе се вратам од училиште, ме испрашуваат дома, одам на школо (Додуша не се ни сеќавам, али така било) Во средно-Учев највеќе од час тоа што сум запишувала, од ден за ден, а кога ќе се имаа собрано пет-шест лекции ( Не знам како сме викале дека се многу) цело време учев со раскажување во тетратка. Не ги сакав шкртнати книгите. Спојлер Понекогаш учев и на пет минути одморот, ама кој не На факултет- Прво видов дека многу време ми одзема учење со раскажување поради големата обемност на испитите, се префрлив само на читање. Кога видов за некои предмети и тоа е многу, се префрлив само на селективно читање на "главните работи". Понекогаш раскажував во тетратка или си подвлекував, но тоа зависеше од предметот. Спојлер На магистерски- Книгата во рака навечер, стокми се во кревет и само читај, нит раскажување, нит подвлекување (што ако го подвлечам немам време два пати да го читам) скраја било пишување во тетратка.
И ако сум веќе трета, од минатата година (значи веќе од крајот на втора) почнав со кеф да учам затоа што сум запишана на факултет што одсекогаш сакав да студирам и сите тие стратегии, бизниси .. и сл навистина ме интересираат. Можам да учам само навечер после 12 или наутро негде после 9 ... Ги делам лекциите на делови и ги повторвам. Кај мене поголем е материјалот и се дури не научам една тема или лекција, зависи колку имам до испит или колкави се лекциите не преминвам на друга. Седнувам во пишами, “мафтам“, шетам .. и учам Голема сум ситничарка и пред се ми треба едно нескафе, па маркери, па белезник за да ги запишам поважните работи (и нормално да бидат подвлечени со различни бои), па се да е околу мене средено .. И имам една огромна маана што неможам да учам за викенд. Имам пробано различни метди но никако не ми успева . Па ако знаете некоја идеја пишете