Учам само во тишина сум пробала и во друшто но не можам да се сконцентрирам на лекцијата.Прво ја читам лекцијата во себе 2 до 3 пати а, дефинициите ги читам по 5 пати. Лекција учам бавно за 20 минути а, најбрзо за 10.
само пишувам пишувам пишувам и тоа ми троши премногу време, но потоа знам перфектно хмм ,понекогаш ја делам на пасуси читам еден неколку пати ,на глас или во себе, сеедно ..почесто во себе дека кога читам на глас ,често си размислувам за нешто друго,и мислите ми беаат ..после раскажувам уште еднаш
Секогаш го вадам најважното , неможам да учам од книга каде што има се и сешто и битно и небитно. Секогаш пишувам и така истовремено учам, а потоа и го читам напишаното.
Направете си распоред Распоредот ќе ви овозможи многу полесно да си го организирате времето кое планирате да го поминете учејќи. Во распоредот вметнете ги паузите и другите активности, кои планирате да ги направите и строго држете се според него. Можеби звучи едноставно и небитно, но добро испланираното време ќе ви овозможи поголема контрола и ќе постигнете одредено ниво на дисциплина. Учете одморени и во мирна средина Иако студентскиот живот „налага“ да се учи до раните утрински часови, сепак тоа е многу неправилно. Сонот е многу важен предуслов за доброто меморирање. Подобро станете порано, денот поминете го учејќи, а вечерта забавувајте се со пријателите и легнете порано. Непреспаните вечерни часови и дневното спиење можат само лошо да влијаат врз вашиот метаболизам. Учете во мирна средина, изолирани од секакви технички и комуникациски средства, а доколку таква немате, заминете во факултетската читална. Не читајте на глас и пишувајте забелешки Иако многумина го практикуваат, читањето на глас е многу погрешно за ефективноста. Анализите покажуваат дека читајќи на глас губиме 33% од брзината, а концентрирајќи се на читањето губиме голем дел од концентрацијата која ни е потребна да го чуеме и разбереме прочитаното. Пишувањето белешки е многу важно за лесно повторување на материјалот. Учејќи, сами можете да процените кој дел го сметате за поважен за веднаш уредно да го забележите во тефтер. Така, ќе си водите еден вид краток дневник за материјалот. Ќе ви биде од огромна полза. Блиц совети Кога учите, сè што ви е потребно нека ви биде при рака. Не губете го драгоценото време барајќи ја потребната книга, некои забелешки или маркер. Пред да седнете, подгответе се добро, па потоа започнете. Никогаш немојте да учите последните 30 минути пред да легнете на спиење. Учете без прекинување најмногу 45 минути, а потоа направете 10 минутна пауза, па продолжете. Научно е докажано дека концентрацијата не може да ве држи повеќе. Паузите кои ќе ги правите, треба бидат подалеку од местото каде што учите. За време на паузите дозволете си да мислите на нешто друго, немојте на материјалот.
Кога учам за тест, односно една тема прво ја читам убаво и ја разглобувам в глава првата лекција, ги одговарам прашањата, одам на втората лекција - исто. Потоа се враќам на првата и само ја читам. Со цел да ми влезе в глава тоа што сум го учела, потоа одам на третата, ја читам убааво, одговарам на прашањата, се враќам на втора, ја читам, одам на четврта, убаво ја читам и разглобувам, одговор на прашања, се враќам на трета. Вака учам јас, ако ме разбравте, а последната лекција, ја читам два пати, едно подруго. И добро ми оди, морам да речам.
Како почнав со факултете сфатив дека колку помалку време имам толку повеќе работи можам да завршам , значи не учам редовно , учам во тишина и на глас , кога имам време повеќе читам подвлекувам повторувам , кога не на глас си го повторувам неколку пати и веќе не се вракам на тоа , у средно кога имав помалку за учење глдав да научам до перфекција се да знам , сега како сакам да имам и активен социјален живот и да се забавувам немам време се да знам , можеби од оваа година ке се потрудам мхм да
Прво ноктите си ги налакирам, па пуштам YouTube to get it going on, лежечка позиција на столот, ја гледам книгата едно 5 минути, и земам, ако иде од прва, научено е за 10 минути. Ако не сум нешто in the mood, уште сум над книгата, и почна да снимам за Discovery, т.е разгледувам ги сликите едно 30 минути и така си размислувам како се живеали тие на сликата, и на крај си се поздравам со некоја песна.
Ми е потребна тишина. Апсолутна тишина. Учам на памет, но како што гледам така далеку нема да стигнам. Денес цел ден си ја тупам главава како да ја научам со разбирање лекцијава од 11 страни. Читам 1 пасус 2-3 пати и запамтеното го пишувам во тетратка во вид на план. Во книгите има доста непотребни работи.
Тоа што треба да го учам го запишувам на лист.Учам на памет,реченица по реченица и секогаш во тишина и на глас,инаку ништо не сум научила.Потребно ми е многу време да научам.Учам само пред испрашивање и тест.Учам 45 мин. и после 15 мин одмарам.Иако ми одзема многу време секогаш убаво (барем до сега) сум научила и сум добивала добри оценки.
па најпрво на часот внимавам како објаснува професорот/ката, најбитно ми е да ја разберам главната цел на лекцијата.Потоа дома ја прочитувам 2-3 пати , во главата селектирам што е најважно (порано запишував на страна во посебни тетратки секоја лекција, така многу подобро се учи и сеуште го применувам, но не толку често бидејќи повеќе време изгубувам кога ја препишувам лекцијата) И пред се" секој час сум активна, повторувам последна лекција дури и кога немаме испитување така да повторувањето е мајка на знаењето
Кога ќе дојдам во тесно е тек тогаш почнувам да учам. Најпрво подвлекувам со шарени маркери тоа што е потребно за учење. Па ако има повеќе лекции прво ја читам едната лекција и се обидувам да ја сфатам, па потоа ја раскажувам со мои зборови и со затворен учебник (а коа немам шанса за со мои зборови тогаш буквално го "бубам" материјалот) и после тоа ги повторувам сите лекции по ред исто со затворен учебник. Зависи од предметот, некогаш треба и повеќе пати да ја повторам оваа постапка за убаво да научам.
Дечки... имам уште малку за учење за утрешниот испит но не ми е научено се како што треба. Прашање. Дали да доучам и да си легнам, или да учам цела ноќ и веројатно ќе ми остане некој час за спиење (и дали да го искористам тој за да спијам пошто знам дека пред испит треба да си убаво одморен а не онака на неколку часа) ?
^ Свари јако кафе (ќе ти помогне), и доучи па легни си.Кога веќе ти останалo уште малку... , верувај ќе се исплати трудот. пс.Со среќа утре
Јас никогаш не спијам пред испит без разлика дали сум научила или не. Има предмети кој ги доучувам но има и предмети кој само ги повторувам.Ке си легнам претходниот ден и ке станам накај 4 поручек и учам до сабајле до испитот и верувај многу е ефикасно секогаш имам одлични резултати 9ки 10ки.
На пример кога требаше да спремам испит го читав материјалот неколку пати , и кога одев денот пред испит ништо не знаев , откако ќе ги добивме прашањата се некако ми се враќаше и така ке си напишев неколку страни и испитот ми беше положен А кога учам поситни потешки делови ги читам повеќе пати ипотоа ги повтроувам и доколку не сум сигурен целосно повторно читам и во себе после повторувам
Преку ден изводи,гледај серии/филмови,седи на компјутер,спиј.И вечетра кај 22 h, седни над книга.,до кај 00:30 после во кревет и сабајле во 6:30 стани.И разглеадај ги лекците.Прочитај ги на глас! Зошто навечер пред да си легниш да спијаш најдобро ќе ги запамтиш,како најнови добиени информации мозочето ќе ги свари и ќе ги запамтиш!И да не заборавам пртеку ден можите цртежите да ги направите,нешто за на компјутер и така.Бубањето само навечер!И задачите решавање само додека гледате серии,слушате музика,гледте филмови и такој! Притоа го ќе учите се запишувајте на лист хартија во кратки црти,за пред испит,тест да си повторите Но на часови да внимавате што зборуваат професотрите,85% така се учи Ѕвер сум за учење,а?
докажано е дека навечер неможеш да учиш и дека најубаво се запамтува на сабајле кога ке си наспиен и на природна светлина ама зависи за кој како .. некој можат на вечер да учат јас не можам навечер ич .. кога ќе станам другата ден ништо не знам
Јас секогаш учам сабајле, навечер нема теоретски шанси. Прво подвлекувам што е најбитно, после читам на глас и на крај го кажувам тоа. Некогаш и на листови запишувам, ама сфатив дека тоа е ненормално губење време. Обожавам втора смена од причина што сабајле си станувам и одма ја фаќам книгата. Пред тест/испрашување повторувам и тоа е тоа. Имам добра меморија и ја памтам секоја страница, секој збор каде што стои, па ако заглавам некаде не ми текнува нешто пробувам да се сконцентрирам и после си продолжувам најнормално.