1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите методи и техники на учење

Дискусија во 'Образование' започната од karina8, 26 октомври 2010.

  1. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш учам сабајле, навечер нема теоретски шанси. Прво подвлекувам што е најбитно, после читам на глас и на крај го кажувам тоа. Некогаш и на листови запишувам, ама сфатив дека тоа е ненормално губење време. Обожавам втора смена од причина што сабајле си станувам и одма ја фаќам книгата. Пред тест/испрашување повторувам и тоа е тоа. Имам добра меморија и ја памтам секоја страница, секој збор каде што стои, па ако заглавам некаде не ми текнува нешто пробувам да се сконцентрирам и после си продолжувам најнормално. :)
     
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Баш напротив,докажано е дека навечер полесно за запомнува. :) Бидејќи информациите кои си ги примила вечерта први се обработуваат и полесно мозокот ќе ги запомни.Бидејќи додека ти се одмараш т.е. спиеш,мозокот работи,односно ги уредува податоците примени тој ден 8)
     
    На Reachel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Баш напротив,докажано е дека навечер полесно за запомнува. :) Бидејќи информациите кои си ги примила вечерта први се обработуваат и полесно мозокот ќе ги запомни.Бидејќи додека ти се одмараш т.е. спиеш,мозокот работи,односно ги уредува податоците примени тој ден 8)
     
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно дека информациите се обработуваат преку ноќ ми се има случено да сонувам како повторувам некоја лекција, и не било која лекција баш таа што сум ја учела цела ноќ. Или пак кога ќе се разбудам веднаш ми текнува на лекциите.
     
  5. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.523
    Допаѓања:
    5.887
    дај кажете како се концентирате?
    Читам навечер читам дење абе не можам да го кажам без гледање во книга тоа што сум го читала...читам на глас...Пишувм во тетратки и читам воо себе -ете така ми е најлесно кога испитот е писмено и ми текнува..НО кога испитот е усно НИКАКО не можам да научам за да го кажувам на глас...

    Како ДА се СКОНЦЕНТРИРАМ? i да помнам дефиниции -ах тие дефиниции
    (уште овој испит ми е и сакам да го положам во понеделник а усно е...секогаш ми е тешко усно :( )
     
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Еднаш ќе ја прочитам лекцијата ќе си ја раскажам во себе и ете научена ми е.
    П.С треба доброоо да се сконцетрираш и да ги разбираш работите.
     
  7. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Секоја лекција си ја учам редовно, па така немам проблем кога ќе дојде време за тест.Си ја делам лекцијата на делчиња, секое делче го читам и прераскажувам, а послето ја прераскажувам целата лекција.Како што спомнав ги учам редовно и кога ќе дојде време за тест само ги повторувам неколку пати колку да се потсетам. Читам спомнувате нешто дневно/ноќно учење.Јас одкако ќе си дојдам од училиште си ја извршувам домашната задача, јадам, малце одмарам и потоа учам. Кога неможам преку ден морам ноќеска да учам, а ако многу ми се спие си легнувам, бидејќи морам да се одморам.И така сабајлето пред да одам на училиште си станувам и си учам.Ама не е само тоа, мора и да се има желба да се научи тоа што се учи, онака џабе е. Сум имала многу такви моменти ама со труд некако успевам да научам. :)
    Единствена мана ми е што учам на глас, никако да се одвикнам.Ама по некои предмети не е на глас, а и за тестовите не е на глас. :!:
     
  8. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Лекцијата ја делам на повеќе дела. Секој дел го читам на глас неколку пати и потоа се обидувам да го раскажам,ако некаде застанам пак се враќам од почеток-морам перфектно да го кажам. :lol: Потоа преминувам на вториот дел,па кога ќе го научам и тој го спојувам заедно со првиот и заедно ги раскажувам и двата дела.Така правам се до крајниот дел и уште два-три пати ја раскажувам лекцијата и толку.
    Мора да бидам сама во соба! Мене лично ми пречи кога има песни во позадина,сум пробала и повеќе ја пеам песната отколку што ја читам лекцијата. :D Или пак ако има некој во таа просторија каде што учам или ќе излезам или они ќе излезат-трето нема. :rofl: Значи сакам во тишина,сама да сум и да се концентрирам на учењето. И никако неможам да учам преку ден,секогаш имам тајминг кога почнувам.Учењето секогаш ми започнува во 7 часот навечер-тогаш сите гледаат серии и не ме замараат. :!:

    И Cvetetto е во право.Ми се случило некогаш убаво да неможам да ја сфатам лекцијата додека учам (горе наведов дека само навечер учам) и насабајле кога се мијам лице пред огледало намерно ја повторувам и како песна ја пеам. ;)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Значи вака Jас кога учам еднаш ја прочитам лекцијата (колку само да се присетам) ако сум сама на глас или во себе исто и мене музика не ми пречи напротив повеќето од домашната ги пишувам со музика од mp3, и вака кога учам лекција учам дел по дел за раскажување така јас ја знам убаво научено и лесно ми е. Друга метода ми е кога правам тест и на ливчиња мали од едната страна напишам клучниот збор (пример еве поим за литература) и од другата страна го исполнам ливчето со се што знам за литература мислам дефиниции, делба итн и ги повторувам така и ептен ми помага :)
     
  10. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    На прва смена, кога си дојдам од училиште, одмарам, па по 1-2 часа, седнувам да учам и да пишувам. На втора смена, учењето го оставам за утрото, бидејќи си доаѓам доцна и сум премногу изморена. Така, на втора смена, утрото станувам порано и учам се по ред.
    Како ги учиме лекции во училиштето, така и јас ги учам. Секоја лекција, редовно.
    Најчесто веќе се поделени на делови (пасуси), а ако не се, јас ги делам и ги учам. Се обидувам на најлесен можен начин да го упростам делот, за да можам набрзина и полесно да го научам. Така, учам дел по дел, и на крај ја повторам целата лекција, најчесто само два пати, понекогаш се случува и само еднаш да ја повторам. Потоа, пред училиште, или пак ако немам време пред училиште, пред да почне часот, ја читам лекцијата, и полека започнувам да си ја раскажувам лекцијата во себе.
    За тестови ги повторувам сите лекции, бидејќи веќе ми се научени, ги читам, си поставувам прашања, ги одговарам. За испрашувања, постојано ги повторувам последните две лекции, понекогаш и три.
    Секогаш учам на глас и мора да биде тишина.
    Еден ден ги збудалеам од учење. :drunk:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  11. angela999

    angela999 Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    4
    мене ми треба најмалку 2 саати да научам една лекција, ужасно споро ми оди учењето а јас имам многу малку време за учење, а ужасно ми е тешко што неможам многу да сфатам математика, секогаш заборавам на правилата кои треба да ги применам, и додека учам лекција паметот ми лета насекаде и неможам да имам концентрација а да пробам со таблети не ми дава мајками и тоа страшно ме нервира уфффф... дали имате некоја техника како побрзо да завршите со учењето на лекцијата?
     
  12. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Од колку страници една лекција? За да памтиш добро важно е да си добро одморена и наспана.Наутро најдобро се учи,ама претпоставувам дека тогаш си на школо.Па после училиште отспиј 1 час(ама не повеќе),јади нешто лесно и здраво и седни во просторија каде што си сама. Исклучи лаптоп,мобилен за да не те деконцентрира и обезбеди си доволно светлина. Чувај до тебе шишенце вода и одвреме навреме пиј по голтка две.
    Сите книги и потребни материјали убаво нареди ги околу тебе,за се` да ти е на дофат на рака. Пробај со читање на пасусот 2 пати и еднаш прераскажи си го со твои зборови. За да знаеш нешто мора едноставно да можеш да го објасниш. Или можеш на листови хартија на кратко да си ги запишеш важните работи што треба да ги меморираш. Помагај си со цртање,обечежување со бои и обавезно труди се да го разбираш она што го учиш. Можеш да ја прочиташ лекцијата еднаш пред да ви ја предадат и потоа да слуѓаѓ на часот и да прашаш ако нешто не ти е јасно. И секогаш повторувај го материјалот,ништо квалитетно не се учи од едно читање.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    За мене многу битен фактор е да не е во истата соба во која учам мобилниот или пак лаптопот зошто тоа ми ја одзема концентрацијата а сепак тоа е најважно кога станува збор за учењето.Учам на глас, можам да учам и во себе али попрактично ми е на глас.Сега најнова техника која ја испробувам е да учам со класична, тивка музика баш да видам дали тоа помага да се сконцентрирам подобро. Иначе суштинската работа во учењето е логички да сватиш за што станува збор, и да сакам поинаку неможам да научам.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Мене пак воопшто не ми смета мобилен или лаптоп ако имам уклучен. Ете од навика исклучувам лаптоп, ама мобилниот ми е секогаш при рака, без разлика дали за да следам колку е часот или пак кога чувствувам дека ми се заморила главата си уклучувам инстаграм или твитер и си листам.
    За неколку минути исклучувам и се враќам во нормала - ниту сум изгубила концентрација, ниту пак премногу време во непродуктивно учење. :)
    Се навикнав дури и да учам од лаптоп преку слики од презентации и материјали, преку глава ми дојде од принтање, а сите копирници ме гледаат како муштерија од кој заработуваат повеќе - ми измислуваат глупави правила дека сликите се наплаќаат посебно, а во една презентација од 80 слајдови, може имам и 90 слики, ама ајде, тоа е друга тема на муабет. :D
    Мојот муабет беше, дека за инает вака се научив да се контролирам и да не ми сметаат нештата околу мене. Ама, за инает за да не си наоѓам глупави причини за да не учам или да си ја рушам концентрацијата, да научам поубаво и повеќе да ми остане во глава, а не од аздис-инает. :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. erica

    erica Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    2.036
    Пол:
    Женски
    Хмм па вака... кога ке си дојдам од училиште испаѓам надвор малце пример имам 7 часови си идам дома во 12 55 ке испаднам со комшика ми надвор малце,откако ке си дојдам од надвор ручам потоа од од 1 ипол до 2 ипол седам на компјутер потоа учам од 2 ипол до 4 зависи колку имам за учење почнувам секогаш од тоа што ми е полесно нешто доколку не ми е јасно прашувам сестра ми потоа од 4 до 6 ипол може и покасно спијам, па станувам гледам оние турските серии кои се до 9 ипол доволно ми е една да изгледам :tmi: потоа повторувам за утрениот ден до 10 и на крај слушалките на уши и си легнувам :D
     
  16. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    34.451
    Пол:
    Женски
    Најчесто приквечер кај 7-8..па се до утринските часови. Ама најважното за да можам да учам, мора нешто да вреви, ТВ да биде пуштен или музика да пуштам или др, само некаков звук да слушам и така се концентрирам на учењето. А ако нема звук..е тогај мислам ќе полудам и нема да можам да учам :worried:
     
  17. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    111
    а студентиве како го учат тој астрономски материјал ???
     
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Турбо 10 дена пред полагање спремаш од 400-500 страни, зависи од предметот. И после тоа главата не знаеш кај ти е. Ненаспан, издрогиран со кофеин и бонус - личиш на зомби.

    Јас никогаш не стекнав навика за редовно учење. Којзнае како изгледа тоа чудо само да си повториш пред полагање или испрашување во средно. :D
     
    На Doris123, Marossa и daks им се допаѓа ова.
  19. thefuturedoctor

    thefuturedoctor Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2015
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Епа вака јас секогаш учам навечер, незнам зошто еднаставно така повеќе памтам но немам проблем да учам и наутро ама тоа ретко се случува бидејќи стасувам се во една вечер обично. Не ми треба тишина па некогаш и намерно пуштам музика, телевизор, лаптопот да ми е тука и порекласирано ми е. Учам во себе освен кога неможам нешто да сватам и се нервирам и почнувам на глас да го кажувам хаха :@ Можам да учам со часови и да не се уморам за разлика од другарките кои по некое време губат концентрација и секогаш им велам дека многу се напнуваат и затоа така да учат малце порелаксирано со музика и со одмори и со грицки и дека ќе можат така 24/7 :D
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Во средно најлесно е учењето. Треба редовно да учиш само и пред испитување или тест само да повториш. Вкупно 30 страни или 50 за тест. Смешно бе смешно. Сега за испит 700-800 страни се на се, заедно со завршните вежби. Јас читам брзо, значи така сум навикната и кога учам тивко да е, па и кога решавам задачи. Си учам на глас, не да се дерам така со шепотење. Полесно се памети така, а ако не ми е јасно нешто си го цртам. Немојте да се жалите вие што сте средно дека имате многу за учење... средно е најлесно и најубаво. За се имаш време и да шеташ и да учиш и да одиш на англиски или да спортуваш.