1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите миленици додека вие сте отсутни

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 12 септември 2011.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Има калциум таблети и најдобро е кучињата да го примаат калциумот преку таблети.

    Не, млекото не е добро ниту за малите ниту за возрасните кучиња (и мачки).
    Млеко со мало количество на лактоза можат да пијат, али сепак да биде во мали количини и да не се дава често.

    ПС. Модераторите нека ги префрлат последниве 3-4 мислења во Грижа за домашните миленици.
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Па Доберман сам кажа за млеко на мали кучиња да им се дава, реши се како е правилно :)

     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Млекото не било добро за мачки? Од кај па сега ова, и во цртаните им даваат на мачките млеко :lol:
    Јас цел живот чувам мачки и покрај месо им давам и млеко па ниедна не се разболе или не дај боже да умре од млеко. Зошто млекото не е добро за мачки?
     
  4. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Тука правев муабет за мали кутриња што се бебиња, сеуште непрогледани (тоа му доаѓа околу 2 - 3 недели старост).
    Не ми текнува што беше ситуацијата тогаш (прати линк од темата), мислам дека некое девојче најде на улица мали кученца сеуште непрогледани и прашуваше како и со што да ги храни за да преживеат.
    Во такви ситуации кога мајката ја нема за да ги храни кученцата со мајчино млеко, во такви ситуации единствено решение е кравјо млеко помешано со жолчка од јајце (за да биде похранливо млекото) за да преживеат кученцата, и на такви бебенца од неколку недели старост не им пречи млекото.

    И убаво си имам пишано во постот дека за кученца над 2 месечна возраст (кога веќе ќе се одвојат од мајката) нема никаква потреба од давање на кравјо млеко.

    Јас незнам кај реков дека мачката ќе умре или ќе се разболе од млеко :wasntme:
    Убаво објаснив дека организмот не им трпи лактоза и дека од лактозата добиваат дијареа и повраќање.

    BTW, Па и во цртаните им даваат коски на кучињата па сега напрај споредба дали тоа е во ред или не е во ред ... (поготово ако станува збор за пилешки коски).
     
  5. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Да дадам конкретен одговор на темава-Мислам дека Тоде едвај чека да е сам дома, многу се плаши :worried:
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Doberman па изгледа моите мачки се феномени :D , не добиваат дијареја од млеко, ма да го избегаваат дека се навикнати на салами, паштети, манџи и мачешка храна и млеко може некогаш да јадат колку да променат исхрана :lol: И пилешки коски јадат, па фала богу уште ништо не им, баш ќе ги сликам утре колкави ми се рунтави да се здрави живи. На една членка тука мачорот дури и маслинки јаде :rofl: па нема нус појави. Некогаш и благо сакаат, од торта ќе им дадам, наполитанки, сладолед лижат, а многу сакаат и зрна пченка.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Абеја не дај боже да им се случи нешто.
    Не се феномени, многу животинчињата така се исхрануваат.
    Така им се навикнува организмот.
    Многу сопственици не знаат како да ги хранат.
    Ама има несреќни случаи.
    На пријателки летово почина пудлата од пилешки коски, претходното куче 10 години ги јадело па никакви последици немало. Ама ете за памет им е. Пилешките коски се празни коски кога ќе ја скршиш боцка и сече, за разлика од телешките кои се најдобри мислам дека, свинските не се добри зашто имаат масти кои животните не можат добро да ги сварат. А од пилешките коски ако се скршени може да им ги распараат цревата, тоа се случи со пудлата.
    Јас знам дека не е добро млекото, не може да се препорачува да се дава млеко кога ќе има труење и а да се дава секој ден. Значи не е добро. Не ги знам стручно термините, но неможат лактозата да ја преработат. Но затоа јогурт треба да пијат.
    Моево куче чат пат му даваме млеко, не повраќа, а и го сака, за разлика од јогуртот кој со сила го пие да не речам.
    Не е добро заради шеќерот и благо да му се дава. Но од минимална количина понекогаш ок е, ко да му дадеш наполитанче едно. Ама не и торта чоколадна да му направиш, не бива :)

    Проблемот е што ние луѓето ги споредуваме кучињата со нас. Па викаме ај бе ние јадеме свинско оно да не јаде, ние пиеме млеко оно да не пие. Ама не е така. Кучето има еден организам ние друг.
    Ние мислиме како што е добро човек да пие млеко и бебе да пие, треба и куче. Но кучето не поднесува лактоза, не поднесува масти, не треба да јаде шеќер.
    А овошки и зеленчуци и те како е добро да јадат.

    Знаеш добро е да знаеш предности и мани во исхраната.
    И ние луѓето не смееме брза храна, хамбургери, торти и слатки во големи количини да јадеме а пак си кркаме :)
    Секој сам ќе одлучи како сам ќе се храни и како ќе си ги храни животинчињата.
    А сите ние ќе си ги сносиме последиците заради нормалната или ненормалната исхрана :)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    На подолг период не сме го оставиле, ама вака преку ден кога е само дома, му пуштаме музика на радио или оставаме уклучен телевизор, за да слуша гласови и да не се чувствува осамено :rofl:
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Па вака бидејки јас живеам во кука во баба ми и дедо ми и кога сум на одмор тие ги хранат и одгледуват.Кога се и тие на одмор кога ке ми се поклопи ги носат во дворот на една комшивка и таму тие ги чувааат.Секако се остава се што е потребно за нив.не се јавувам ако има нешто тие ке се јават.
    Трча хаската накај мене хаската не а пикинејзеро да.......
     
  10. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Ги оставам на домашните еден ден јас излегов со дечкото а кученцето по мене дошло до портата и само стргло и жално квичало едвај мајка ми го донесла до местото каде што му е кукичката инаку претежно го зимам со мене си го шеткам :D
     
  11. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Мачките и папагалот ги оставаме на баба ми што живее со нас. Она си знае каде ја чуваме храната, а понекогаш на мачињата им прави и од остатокот од нејзиниот ручек. Кога и да се чуеме на телефон, ја прашувам за нив. Дали се добри, дали ги наранила - пошто нели стара жена случајно да не заборавила.
    А мачки ко мачки - кога ќе дојдам не покажуваат некоја особена радост. Само ми се моткаат многу во нозете и некако позадоволно предат кога ги галам - или барем мене така ми делува. :D
    А Шмизлата - папагалчето којзнае дали знае дека постојам. Т.е знае. И тоа ме мрази зашто само јас го галам, а не сака. Така да не верувам дека осеќа некое особено задоволство. :D
     
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    18.265
    Пол:
    Женски
    Претходното куче што го имав,беше премногу приврзано за мене.Јас кога одев на одмор или некаде на неколку дена,таа плачела и спиела кај мене на кревет секоја вечер.И ја барав стално на мајка ми на телефон и луѓе кога ќе и прозборев се мрднуваше,мислиш ќе прозбори секоја секунда.Сега имам ново кутре,ама го имам само 2 месеци така да сеуште не знам како ќе биде кога ќе одам негде.
     
  13. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Домашните миленици на одмор..

    Што правите со вашите домашни миленици додека сте дома(кучиња,мачиња)...јас 3 години по ред го носам секаде каде што идам дури и има пасош за во Грција...Меѓутоа повеќе од неподнослив е на плажа...лае,ме влече,неможам да се опуштам со него....А толку ми е жал да го оставам тука...Еднаш се деси у Грција(лани) го оставив 4 дена кај една пријателка и таа имаше кутре ловечко,ептен убаво им било баре како што ми кажуваше пријателката моја,ама кога се вратив беше пола од тоа колку што беше...Ослабен и башка имаше проливче со крв...Вториот пат му извадив пасош идеше и он со мене...Ама воопшто не е мирен и се мислам пак да го оставам...оваа година го однесов во Охрид,ама ептен се измори,денес цел ден спие,вчера по пат исто...Жал ми е што толку е измалтретиран,ама таму кога го оставав во собата лаеше...И ставрно веќе незнам што да му праван..Има ли некој според вас кој е погоден за чување на миленици,а не да ги 'чува' во бокс,да не ги шета,рани туку само да си ги земе парите и да не му е гајле... :D ...
     
  14. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Домашните миленици на одмор..

    И јас имам ист проблем, кога ќе дојде време за одмор..моето куче е големко ..од блиските никој не се нафаќа да го чува ..па си го носиме со нас секаде на одмор..а таму е посебна прича лае во соба..лае на плажа..лае кога шетаме..ржи на непознати а бе убаини од одмор..
    Затоа планирам да се распрашам за некој кој сериозно се занимава со чување на кучиња - некој сличен на Цезар :D :D
    Имам слушнато од пријателки за некој што чувал кучиња во Соње мислам..и во Центар ..ама како што кажуваат ги чувале во боксови.. :worried: :worried: .. И сега ти куче- зборам за куче миленик (самојед..лабрадор..пудлица и сл. ) а не куче чувар..значи куче што во текот на годината го чуваш дома... со тебе јаде пие..спие ..игра. .- со третман на човек затвори го во бокс десет дена ( прашање е и дали ги вадат во текот на денот да ги истрчаат или нешто бар да ги позанимаваат ....и пак во бокс) незнам :^) :^)
    Верувам дека ова е сериозен проблем на тие што кучињата ги чуваат дома, кога ќе треба да одат некаде,па затоа ме интересира ако имате информација за некој кој во Скопје чува кучиња..(ама да ги чува како Цезар :lol: :lol: :lol: ) кажете ми :hai:
     
  15. GlamorousGirl

    GlamorousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    101
    Лоши спомени имам од ова. ;(
    Во мојава фамилија само јас сакам животни и секогаш ги чуваме заради мене.
    Затоа кога ме нема мене, те некое се губи , те некое го трујат :devil:
    А инаку,кога сум тука,абе цветаат животинкиве,ни влакно не им фали. |(
    Затоа,гледам претежно да не ги оставам сами на подолг период.А вака накратко,си немаат проблем. :)
     
  16. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Па види дома сме 5 души така да секогаш има некој да го чува нашето куче, но никогаш не ми му го дала на брат ми! :D :^) :!: (Се зезам! Го сака и тој многу куќето, ама секогаш заборава да го нахрами и сл.)

    Ако сите петорица сме отсутни тогаш го оставаме кај комшиите со храна и останати јадења и пиења! :$

    Кога ќе не види кога ќе се вратиме се радува многу, затоа и лае! :rofl:
     
  17. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Кога сме на одмор, или во село и сл.
    моето маченце го оставам кај другарка ми и таа има мачка и супер се сложуваат и навикната ми е мачката да седи таму :D
     
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    4.846
    Оваа година,за првпат се среќавам со овој проблем.
    Не,не одам првпат на одмор, :D туку за првпат чувам кученце,кое е постојано со мене и е навикнато дома.
    Претходните години не беше проблем,зошто тогаш во прашање беше мачка,на која не и треба ништо освен чистење на мачешкиот тоалет и храна.
    Плус,седат цело време дома,барем домашните.
    Ама годинава проблемот е друг.
    Куче како куче,сака храна,свежа вода,прошетки,внимание...Не може тоа едно 10тина дена ако не и повеќе да издржи,само затворено во една просторија.
    А баба ми и дедо ми не сакаат и неиди во предвид да го земат да го чуваат и шетаат.
    Други роднини на кои можам да им го оставам немам,сите имаат мачиња или кучиња,па уште едно им фали.
    Плус,на некој си подалечен,искрено немам доверба.
    Никој не го гледа и сака онака како што го гледаме ние,домашните.
    Што,па туѓо е,не ми е грижа.
    На кого му е грижа дека кучето може да се повреди,или дека може да касне отров(освен на најблиските)?
    И друго е одделено од сопствениците,од најблиските,нови навики,нови луѓе,се ново..
    Затоа,се изборивме за да го понесеме и тоа со нас.И ни дозволија во хотелот да биде во собата со нас,така да,ќе имаме помалку грижи,на кого ќе го оставиме и што ќе оставиме.
    Ќе си одиме со кола,и ќе можеме да правиме кратки паузи,мислам дека ќе си поминеме лесно.
     
  19. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    До сега само еднаш ја имаме оставено сама,кога бевме на одмор а неможевме да ја земеме,братучед ми ја чуваше ( живееме во иста куќа) ми беше страв,дека кога не не гледа многу лае и бељи прави ама добро беше за 5 дена не се случи ништо :)
     
  20. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    До пред некое време ја носев на работа но сега се дома Ричи и Хепи зачудувачки но :!: убаво се согласуваат...а доколку станува збор да би сме оделе на викенд или одмор ееее " тогаш тие доаѓаат со нас" ....нема шанси некому да ги доверам тие мали мои срцуши