моментално ми се со бела оснава, згора црвен лак што распукнува и за крај безбоен не се нешто ептен ама ок е
^ Cacy, Напротив. Темава гласи "Вашите нокти" , а не "Слики од вашите нокти".. Нормално, уште поубаво ако се стават слики. Но не ја гледам поентата да се стави слика со обично налакирани на пр. црвени нокти. Инаку моментално ми се искршени, излупени, и поминати со безбоен лак. Се надевам ќе ми потпораснат па да ги средам. Вака на ништо не личат.
Јас преферирам еднобојни нокти, а сестра ми постојано ги шара. Еве како си ги направи пред некој ден. Инспирацијата произлезе од оние розево - бели бомбончиња
Научив да се лакирам... like a boss! Овој лак дефинитивно ми е фаворит. Golden Rose 230, 2 слоја. И не, не знам зошто големиот прст изгледа како деформиран. Just ignore that.
Само моите се со розеви нијанси на лак, а на врвот со црно, прекрасно изгледаат , дури поубави и од овие
Дека детска радост, и трк да ги сликнам, и знам дека се ушљакани, ама после ме мрзеше пак да ги сликам. Еве ги иначе 7те лака што ги користев.. и што се изнамучив. х) Ме мрзеше да ги сликам, па само ќе ги кажам бројчињата.. Најсветло розев (што е најгоре) - Pacific 04 Под розевиот има сив - Rapsodi 332 Под него има некоја нијанса измеѓу сина и лила - Summer Edition M 109 Под него има лила - Elegant 354 Под него има светкав лила - Elegant 382 Под него, и ма светкав црн - Olivia 96 И на крај светкав - Classics 156
Оваа ви е цвеќенца-не, машни-не, ѕвезди-не, снешко-не, елка-не, динусаурус-не е сега ќе видете што е уметност
Девојки како прво морам да ги пофалам вашите нокти преубави ви се на сите. Инаку еве ги моите мали,изгрицкани околу никакви се. И,да моја е идејава од никаде не гледав додека ги правев Спојлер Лакирани се со лаковите на Pacific
Ноктите се вештачки но јас ги шарев Инаку на втората слика каде што ми е целата рака се познава лакот што ми е на моите нокти и не изгледа убаво.Ама битна ми беше шарата на вештачките нокти