Ако нешто најмногу мразам тоа е сликање под сијалица и покрај многуте направени слики пак неможам да ги доловам вистинските бои! зелената розевата црвената- отприлика вака се, малце потемни (освен розевата); Баш ми се vintage style и многу си ги сакам Се надевам утре ќе има сонце како денес за да не бидам јас целата цветна на тмурен ден!
Денес морам да изгледам деловно и посериозно, па затоа ги избришав оние со сунѓерчето (и онака не ми беа многу по мерак). Сега ми се, обичен француски маникир и се преубави
Јас си ставив вчера за матурата, со акрил се ама по ќеф ми се ептен. Несакав да ми бидат ногу нападни, на среднте два прста имаат кремаста чипка но тука на сликата не се гледа добро
Решив кога ке си дојдам во МК да си купам Нова Македонија или Време, за да може да пробам тоа со весникот.... ова со каталози и промоции за цени од локалниве хипермаркети не ми успеа !!! Инаку моментално ми се креч бели и вечер секако ке го мењам со некоја друга боја...вака мнн мнн ми дрчат а нејку да е така!!! Поздравче
Јас ги направив со water marble, не ми се допаѓаа, ги направив со весник ни тие не ми се допаѓаа. Ги направив со циркони ми испаднаа најубаво додека не дојде татко ми ме испобушави и заборавив дека сум лакирана па отидоа( срце ме болеше), и сега еве ги вакви скоро никакви ама немам веќе сила ниту нерви. Језда и јас за нокти имам челични живци како фби, ама што е многу многу е. Јас сум обичен човек а Марфи ис а геј
Eве ги денешните сиви т.е цела недела ми се вакви . Еве постари Спојлер Многу сакам лилјакови. Оваа боја одвај ја најдов шанелска е како оваа, само на сликава е ептен темна, не е таква иначе Црни ноктиња И еве од времето кога ставав гел Спојлер
Моите 385430ти нокти за денеска И сега вака ќе ми седат сигурно два дена Не замерувајте од страна не ми се изчистени.
Еве ме и мене со сунѓерестите нокти. Па нели се што ќе се види мора да се проба. Мислам дека се поубави кога се со една боја, само различни нијансите. Ама ајде следниот пат. Сега ми личат на сладоледот Трио.
Еве нешто ново од мене, иако квалитетот на сликите е никаков..... Инаку моментално пробувам да ги направам ноктите со весник па ке видам како ке испаднат...