Прв пат правам нокти со цветен принт. Мислам дека е добро како за прв пат Спојлер И прв пат ДЕСНАТА рака ми излезе подобро Таа е на сликите.
Вчера ја лакирав сестра ми Еве како испадна... Поради блицот малку изгледаат различни боите на двете слики...како и да е, по оргинална е првата. Inspired by > една од сликите што ги имавте постирано во другата тема за нокти..
Еве моите нокти се вакви: Спојлер се зафркавам . Колку се само грозни, блаК. Па моите нокти по должина прилично изгледат вака: Спојлер а моментално ми се излакирани со црн лак . Обожавам да се лакирам посебно со розев лак и зелен. Порано си ги гризев ноктите и си ги јадев кожичките но сега не.Редовно ги негувам имам посебен крем за нокти(Dior Creme Abricot).
Вчера лакирав една другарка... Штета што немам онаква креч бела боја, ми требаше таква за лубенициве ама искористив нежна бела... Еве како испадна
Спремни за вришење ми беа, ама решив да си ги сликнам. Средниот дури е и уништен. И извинете за лошиот квалитет на сликата.
Golden Rose Graffiti Nail Art 09 Спојлер http://iloveprettycolours.blogspot.com/2012/04/golden-rose-graffiti-nail-art-09.html
Вчера бев на Битпазар и на мое изненадување најдов фимо за на нокти. Зборам за вакво нешто http://i38.tinypic.com/241s36s.jpg .. Имаше секакви, овошја, цветови, фигури во сите бои. Едно (големина како на сликата) чинеше 25 денари, што според мене е преефтино, познавајќи колку треба да се потрудиш при изработка на било што со фимо. Човекот што продава има големи 2 тезги за лакови за нокти и секакви додатоци за нокти, светки и чуда. Дури ми кажа дека продава и гелови за нокти. Тезгата се наоѓа на почетокот на пазарот, гледано од страната на аптеката Зегин. Распрашајте се, нема шанси да утнете. Јас си купив 2 такви парчиња. Едното половина од лубеница, едно капкејк. Малце дебело ги исеков (треба што потенки да бидат парчињата- ќе знам за нареден пат). Човекот ми рече дека најлесно се сечат со скалпер, јас го направив истото со нож. И нели Капкејк не би била капкејк ако не си ги направи ноктите со додега најубавите капкејкс што ги имам видено за нокти.