Еве ги моите средно-жалосни кратки нокти. Сликав и со и без блиц, но никако не можев да ја доловам бојата. Розева основа со тегет точки. Спојлер Последниот, Rapsodi 313.
Ова се моиве нокти од пред некоја недела, т.е. од почетокот на месецов, ама конечно се наканив да ја префрлам сликата во компјутер. Инаку, не ми е баш успешен маникиров, немам тенки четкички, па импровизирав со чепкалки за заби - требаше потенки да испаднат линиите, ама ајде, друг пат подобро. A штета што бојата на лакот не се поклопува ни најмалку со онаа оригиналната, баш ми е криво, ама испаднала таква портокалова благодарение на лошото светло што го имам во соба. Лакот е од Орифлејм, од цветната колекција, а нијансата е софт пинк, што нема врска со портокалово. Овие се сегашните, проба за матура ми се и не ми се допаѓаат вака, прешарени ми се некако за таму, ама за секој ден ми се супер. Башка што не ми испаднаа такви какви што ги замислував, ама одамна минаа периодите кога секој ден си ги цртав ноктите и знаев да правам сваштарии со четчето. Је*и га, ко да се пензионирав - не сум веќе во форма. Лаковите не се од Авон, ова ми е само као реквизит за фотошутинг, темниот тиркиз е Малена со бројче 6 или 9 (немам појма) , посветлиот е Оливиа(117), а белиот Габрини (302)
Се дувам како паун кога ќе ми кажат дека ми се ноктињата преубави, па стварно некогаш знам да изненадам, овој е еден тие обиди....