Конечно должина на завидно ниво, и тоа чисти, цврсти и здрави. Трудот се исплатеше, конечно колекцијата лакови за нокти може да биде оправдана!
Денес онака мрзински , седнав нокти да праам.. На ништо не личам туку ајде ,пуста желба за фејсбук нокти
Моево е на работ на зависност....Не ми се верува, секој ден различен маникир, денес дури два пати го сменив
И еве ме пак , досадната јас. Ко да имам најубави нокти па најактивна сум на темава Пак во бело-сина комбинација..
Моите нокти последниов период и откако ги скратив вчера. На втората не е проѕирна, розеникава е, многу бледа. Тоа црвената е малку потемна всушност, и има малку светки. Ме потсетува на карамелизирани јаболки. И да, на улица ги сликнав. Никој не ме виде де.
Сакаш да кажеш вакви си ги направи бидејќи ова се нокти од интернет, не се твоите. Инаку навистина ми се допаѓаат, пробав еднаш два пати да ги направм и сеуште не сум успеала, се надевам некој ден ќе ги направам. Без љутиш ама нема смисла да се ќитиме со туѓи перја нели, повеќе девојки имаат ставено слики од нет ама потенцираат дека нивните нокти се како тие или слични.
Да, да, вакви си ги направив, не потенцирав погоре на сликата, моја грешка , јас ги сликав моите но не можам да ја доловам вистинската светлост на ноктите како што се, затоа ја ставив сликата од нет, исти се потполно и моите, убаво баш излегоа и многу ми се свиѓаат
Моите се обични, излакирани со овој лак. П.С. Ова не се мои нокти, туку слика од нет, а лакот-тој е тој.