Девојки, незнам дали ова што сакав да го кажам е за оваа тема ама вака: Првпат си ставив пластични нокти со секундарен лепак и сега, помина 1 ден и уопште не ми се свиѓаат. Што да правам, како да ги извадам, ме страв да ги тегнам..
пробај да ги киснеш во топла вода мислам дека така нема да имаш мака ( бар мене така ми излегоа ко ги пробав , а сакав само да видам дали ке издржат или не - секако на мојте нокти ставив и 2 слоја на лак за да има плус заштита) да не сум оффф Се лакирав со КАЛЦИУМ ЛАКЧЕТО на АУРА катастрофа ми се ...и уште на по катастриофа место ми се скршија!!!!
^Teди, јас имав такви (палецот и домалиот). Баш ти се слатки! Ја пробав техниката со сунѓерче, ама со 2 бои. Верувам дека подобро е со 3 бои, ама тоа друг пат
Ќе ти предложам 2 начини. 1. Истури ацетон во садче кај што ќе ти ги собере ноктите. Држи ги неколку минути потопени, пластичните нокти ќе омекнат и лепакот ќе попушти, ќе можеш лесно да ги извадиш после. 2. Ќе земеш памукчиња за секој нокт и убаво ќе ги натопиш со ацетон. Ќе ги ставиш врз ноктите и со мало парче алуминиумска фолија цврсто завиткај го секој прст посебно. Држи ги 10-15 минути. Во секој случај ако користиш било кој од овие начини, откако ќе ги извадиш стави масло за заноктици + помрсна крема на рацете бидејќи ацетонот може многу да ти ги исуши.
Мојот маникир во жута минута... со мојот несреќен палец кој настрада во борбата со инаетлива кутија за накит.