Ви ги глеам ноктите и ми се плаче, блазе си ви , какви се моиве, цели широки, и неможам да прекинам да ги гризам , ама им се заинаетив, нема веќе гризење, од сеа ке си ги мачкам со луто пиперче да не ми текне веќе!!!
Hi girls. Конечно на темава јас, со нокти. Не само да ве читам. Ноктиве ги правев денеска, немав некоја инспирација, таму ми текна што како. Направени ми се со различни бои на нокт, освен на 4, таму се собрани сите четири бои. На левата рака имам 4 бои + бело малку. Почнуваат од најмалото прсте па се до палецот - црвена, шарен прст, зелена, портокалова и нешто помеѓу светло сино и зелено. На деснава рака, исто 4 бои, различни од левата. Од најмалото до палецот - плава, жолта, розова, шарен прст и небесно сина. 4 прст, незнам како се вика, ги има сите 4 бои употребени на другите нокти + бело полукругче горе.
Kako e toa ? ќе ми ја објасни некој таа техника со најлонче ? [/quote] http://www.youtube.com/watch?v=UlyWfeVx2Z0 Еве
http://www.youtube.com/watch?v=UlyWfeVx2Z0 Еве [/quote] Епа ќе ги налакираш нокитите,и ќе ги оставиш да се исушат ама в крај. И после ќе капниш неколку капки од другите лакови и ќе тиреш со најлонот.
Неможев да ги штракнам порано кога беа убави и неоштетени, зошто апаратот ми беше распиан. Сега имам нов, па еве ги. Штета што почнаа да се лупат.
Сликиве, се од поодамна. Ме мрзеше да ги префлам, во компјутер. Сега ми се исти како на првата слика, само подолги.
Има во Орифлеjм мислам дека се 250, боите се розева неонска и црвена, а сега моментално има акција црвен кармин (неонски) со црвен лак (неонски) околу 200 ден. мислам дека не е завршен тој каталог инаку побарај и во обични продавници за лакови, сигурна сум дека можеш да најдеш поевтини отколку овие од Орифлејм (во Орифлејм обичните лакови се 150-200 ден. ама морам да кажам дека се навистина квалитетни, едно малечко што зедов 2-3 го користев - уств. тогаш не се ни лакирав многу ама сепак не се исуши)
Неможам да ставам слики не ми дозволува голмината за прикачување ама направени ми се француски маникир, со мали цветчиња и сребрена линија, си ги обожавам