Е жути ми се, знам. Па и ова апаратов, само црни темници вади, морав да ги осветлувам. Среќа овој пат, на брзински ги направив, ама арни искочија. Брз брда и планини. Иначе на малото нокте, тоа погоре не е лак, него сум го лупнала негде.
Moive nokti se ubavi samo koga mi se porasnatii a kako sto rastat bavnoo treba vreme taka da ne gi rastamm no da pravam nekoii sarii da se vezbammm toaa redovnoo
Preubavii ti se napravenii a i formata ti e odlicna no toa na maloto nokte i mene takvi mi se pravatt no kako sto imam slusano toa e nedostatok na vitaminn
Колку што гледам јас,црниов лак е мат,и е негде околу 80 денари. А инаку моите нокти се моментално зелени
Да мат е, ама мене повеќе ми личат овие на надградба или слично, многу ми се некако вештачки, мислам дека природни вака тешко дека ќе издржат, мое мислење не мора да биде точно. Голден Роуз има вакви лакчиња, а има и на Мисс Спорти топ коат кој дава мат ефект, исто е некаде околу 80-90 денари, мене овој повеќе ми се исплати бидејќи си го користам за различни бои, и мора да напоменам, ми се сушат ноктите за рекордно брзо време со овој мат топ коат. Инаку шарата многу ми се свиѓа, само формата не ми се свиѓа. Да не бидам Офф, моите деновиве се запоставени, само уредно скратени и исчистени, после неделното бањање гарант следи средување на ноктите.
Пред некое време мноооогу се лакирав и многу ми беше интересно да си создавам нови дизајни. Единствен проблем ми беше тоа што неможев да ги пуштам да ми пораснат долги бидејќи ми се лесно кршливи. Сега некако прекинав да се лакирам дека ноктите многу ми се уништија и премногу ми се листаат Еве неколку слики... ве молам не замерувајте ако на некои слики се приметува дека од страна ми се ушљакани
Ова за да се пофалам дека пак пробувам да не ги грицкам (и да ги пуштам) не се смејте за малото прсте-ми забегало скрос