Техника весници: успешно извршена и помината. Техника водена техника: успешно извршена, неколку пати повторена и помината. Техника сунѓерче: успешно извршена и моментално достапна во сино бела комбинација. Па чекам некоја нова техника.
Јас моментално ги пуштам... и само на десната рака имам...мамето, неќат да пораснат на левава...а не сум левак па да кажеш од тоа е. Али има надеж. Поодамна си купив од печачињата од пазар па сега се шљакам кога стигнам и како стигнам.....Уште заноктиците да ги средам и ке бидам топ.
Во иднина ве молам да не пишувате оффтопик мислења.Ако нешто ве интересира прашувајте по лп,а конкретно за техниките кои се применети отворете во темата туторијали за нокти во мода и стил.Тука постирајте слики од вашите нокти или едноставно опишете ги.
Моментално, излупени, плави, со бели дамки низ нив, со по некоја залутана светка, ноктот на средниот и домалиот прст на левата рака поткастрен, десниот палец исто, и со црвена и плава прехрамбена боја ушлакани двете дланки. Значи, не се за пред народ
ОК значи мојот апарат има проблем со лилаковата боја! Никогаш не ја препознава вистинската боја, најчесто ја слика плава. Ама еве денес беше расположен па можам да ви ги покажам моменталните ноктиња Горе-доле таа е бојата, може за нијанса поинаква, а ако некоја ја интересира конкретно која е -Аура бр.27 во еден слој! Техника печатчиња, некои мали точки (што баш и не ми се по мерак, ама за следен пат ќе знам) и малце светки!
моиве моментално се со светло бела боја онака како проѕирна и со по едно црвено цветче на палецот и 4 прст добри се ... ај во среда ке ви ги покажам со гел ке си ги направам
Сивите не се баш убави ама заборавив да ги сликам уште првиот ден , веќе неколку дена ми беа такви а дури вчера ги сликав . Другите се од денес
Душица, имаш баш убава форма на ноктите. А и интересно изгледа и сивиот Еве ги моите денеска. Наутика стил Сидрата се со бордо, но на сликава не се приметува многу, бидејќи ми се сликани од компјутер
Вчера ги правев ноктите, па денес ги сликав за да ви ги покажам.Ги френчирав со Bourjois френч сет и одозгора ставив син лак со светки од Essence:
Отсекогаш правам експерименти со ноктите обожавам екстравагантни иако се тешки за НАГЛАСВАМ било каква работа со раце хахахахахах еве најновата лудост од мене ... од рајанчето ја презедов идеата не дека мене ми текна хахах не се плашете хахах прво ги имав црни, па мастило боја