Феминки да прашам, знае ли можеби некој како да си ги направам ноктите како на сликава? Вчера пробував на неколку начини ама не излегува и готово... Пробав да ми капне капка одозгора, така од повисоко- несака, само точка си стои. Пробував додека е сеуште неисушен лакот, мислев ќе се разлее- не сака ни така. После пробував да ставам точка и да го ставам прстот под чешма, мислев водата ќе го разлее ама ни тоа не ми успеа. Јас не умам да го направам или на друг начин треба?
Ова не е со лак, со акрилни е, а и веројатно се работи за некоја техника која уште не сме ја провалиле. Инаку мене ми се розе основа, темнокафени триаголници обрабени со циклама линија, многу се убави, ама никако да изгледаат убаво, денес ќе ги преправам и ќе ви ги постирам
^Види ги овие две видеа http://www.youtube.com/watch?v=u-XgECGMgQg http://www.youtube.com/watch?v=eMODeMlwfY4
http://www.youtube.com/watch?v=SfzzPZkM-jM .. ете така пробав сега, ама не ми излегува некако можеби голем беше садот или нзн ..
ова се ноктињата на мојата братучетка, а јас и ги правев РОЗЕ лак или како што тука се вика бебе розе и МАТ основа за брзо сушење на нокти...