Во последно време, ич не се замарам со нив. Порано ми беа главна занимација, ама ете сега ми здосади да ги шарам и да им посветувам толку внимание. Вакви ми се цел месец, ама малку пократки
Јас навивам за светол лак и во зима! Почесто не сум лакирана, односно 90% од времето немам лак, а кога имам се се врти околу оваа нијанса, тегет, бордо или мат крем. Баш ми е криво што не знам да ги црткам со елки, дедо мразовци и три други чуда.
Пред некој ден ми текна ајде одамна немам ставено надградба на нокти, па се решив и отидов. Сакав обичен француски маникир, само на еден прст да има панделче и бисерчиња. А на сите прсти има слаба линија со светки, не се гледа баш на сликиве. И многу сум задоволна, имаше слики од претходно што правела нокти, преубави шари немам зборови. А зема само 500 денари.
Ај овде ќе ви пишам за да не отворам нова тема Константно имам проблем со поткршување на ноктите, ама мерак пусти ме фати да видам до кај ќе тераат да ги пуштам и ги пуштив и убаво си подраснаа и си викам ај уште до веридбата ќе ги поносам па после ќе ги сечам. И се ќе беше добро ако не ми се поткршеше едниот нокт на палецот, и да ми се поткршеше асално па да ги скратев сите, е не, ми се поткрши ептен ниско, речиси на пола од ноктот и да го исечам, па нема како да го израмнам, многу грдо ќе биде, ќе ми се гледа дека е скршено. По совет на колешката решив да го средам со малку суперлепак и палома, ахам, ама си додадов и техники мои некои и си добив супер нокт Значи, на пукнатината ставив малку лепак и врз него едно парче палома, ама тенко, едно ливче, колку да покрие, големина колку зрно кикирика. Се исуши убаво и му удрив турпијата одозгора, го измазнив убаво, рамно со ноктот да ми биде и одозгора си лакирав, не се познава ништо И еве ги, налакирани моите дедомразовци, малку предвреме, ама мерак ми беше ептен
Моментално свежо налакирани со Пацигфик лакче број 48. Nude нијанса. Ептен убаво ми стои бе П.С-Не може апаратот убаво да ја долови бојата,па затоа нема слика
Предходно ми беа само со бело,а сега им ставив малку сребрено Па пак ќе си ги направам френч нареден пат
Моите празнични елкички. Искрено дедомразовците ми беше срам да ги носам па морав да ги избришам Многу ми е мака што не ми работи апаратчето па да ги видите асално.