еве ги моите нокти вечерва си ги праев, ама едвај успеав на десната рака да ги направам. Спојлер Се извинувам поради лошиот квалитет на сликите, но никако не успеав да ги доловам убаво боите
Да ви кажам искрено ги грицкав премногу ноктите јас и сфатив дека редно време е да заличам на "дама" Па решив прво надградба да ставам, откако ставив ми пораснаа моите нокти и еве ги моите ноктиња пораснати. Moже не се кој знае што, но не се повеќе изгрицкани
Од Авон до сега не сум користела лакови и не знам зошто, но имав(м) некоја голема одбивност према нив. Лаков моментално што го имам е нивни, ми го поклони колешка, и бев скептик кога го видов. Многу ретка структура што брзо се суши, но ми беа потребни дури 3 слоја за да ја постигнам саканата нијанса. Генерално сум задоволна, ќе видиме колку ќе биде долготраен. Еве ги и на слика моментално моите нокти.
Eве ги и моите,во саботата ги правев,и морам да кажам дека лакот на авон особено црвениот(real red) е катастрофа. Уште истата вечер ми се излушпија сите нокти,и ги чував до денес со 1000 корекции, можеби повеќе од 5-6 на ден,додека па другите лакови се супер.Може е до пратката. Еве ги: