Аааа да не си ги подречам,пу,пу,пу...истурпијани,конечно долги,светло розеви кон бежови,по мој вкус ми се! У принцип ич не сакам шаркани,правени,јас сум традиционална жена.Една боја,френч,евентуално некој цветич на предпоследниот прст и толку!Средено,уредно и женствено,нема потреба од Пикасно на прсти.
Eве, ретко имам нерви за вака, обично ми се еднобојни. Палчето не доби третман, кој му е крив кога се крши
Леле ливинг, ама професионално ти изгледаат. Со ливчиња ли ги правеше белите линии ?? Секоја чест. Моите се моментално флуросцентно зелени. Мислев дека зелената мава на сино малку, ама овие апла зелени.
Многу ти се убави ноктите, браво секоја чест! Едно прашање девојки, дали мислите дека лакот ги уништува ноктите ???Јас постојано ги лакирам, секогаш ми се лакирани и се плашам да не ми се оштетат ноктите Вие што мислите???
Не Дузи, не ги правев со ливчиња. Обично со четчето, многу бавно и со сосем малку лак на него. Со ленти ми е побрзо и поубаво испаѓа, ама немав во моментот до мене ни ленти ни селотејп, а баш решив да направам
Немам слика во компјутер со моите нокти па ќе ги ставам на сестра ми ноктите, ама јас и ги правев така да....
Моментално ми се вакви Сини обоени со розови точки Видов од интернет и многу ми се допаднаа и веднаш пробав да ги направам
Можам само да кажам дека ми се преубави, преоригинални и уникатни. Решив да не ги споделувам на форумов (бидејќи може да ги гледаат и оние кои не се членови и сакам да си го заштитам идентитетот), но некои феминки имаа можност да ги видат Во глобала се бело- црни, со основа од млечен лак
Сега моиве нокти се во фаза на растење и не се ни лакирани ни украсувани. А еве некој маникир мој пред некоја недела:
Мона ми се свиѓаат на втората слика, ги шараше сама со лакови или како? Кенди не ми се допаѓа црвен лак на долги нокти. Ниту било кој друг темен лак. На кратки супер стојат темните лакови, а на долги нокти нешто посветло, млечно, кремасто... Инаку убав облик имаш.
Јас сум зебраааааа Леванка Десанка Воедно потврдувам и се потпишувам со 2те раце дека ФБИ ги има најоригиналните нокти. Секоја и чест, јас си закажав лакирање