Вуала... конечно ми успеа water marble нови лакови купив специјално, овие стариве не се разлеваа низ водата
И јас пробав навистина убаво изгеда Какви лакови користеше? јас од мода користев ,ми успеа но малку потешко
девојки сакав да прашам...дали од тој комплекс б(за побрз раст на ноктите) се здебелуваш? :Р бидејќи сакам да ми пораснат уште малку ноктите (бидејќи многу споро ми растат а се кршат)..посебно сега ,кога доаѓа лето,не ми е потребно уште да се здебелам
Б витамините отвараат апетит, ги има многу во пивски квасец кој се користи за здебелување. Подобро земи некој лак за зацврстување, и на голден роуз и на аура се одлични а не се скапи
Бев денес на козметичар за ноктите, за полуматура.. Ги направив, не се нешто ама мене ми се свиѓаат. Со гел, сребрен со светки, доле само, и сега ми се мноогу по цврсти. Ми рекоа дека мнооогу ми биле слаби и да пијам апчиња.. Имало некој на м ми кажаа, ама терале на јадење, а ја како што сум си.. и ништо. Ги сликав, ама ме мрзи да ги ставам у компјутер, утре или задутре ќе ги ставам.
Од кај се снабдуваш со лимончињата ??? Сакам и јас да си ги направам такви ? Моите моментално се вакви,само што ми се малце подолги....ме мрзеше да ги сликам па по некоја случајност најдов исти такви на нет
моите нокти се нешто неопишливо...долги и сјајни со минимална шанса некој некогаш да се скрши....(ту,ту,ту машала!) си ги обожавам !
Еве ги и моите нокти хеехе пробував со сунѓерче, како за прв пат добри се Малку не ми испаѓаа убаво на сликиве, ама може да се види
Еве ги сега и моите нокти, ова ми е денешниот маникир Бааги ми пораснале дури сега забележав кога ги сликав, како и да ќе ги потскратам малце деновиве....
Еве ми ги денешните, малце ми се непрецизни точките, но директно со четкчка ги правев а и од далеку не изгледаат толку лошо
Многу ми беа едноставни па морав да направам нешто и да внесам некоја боја, па си ги направив вака: И се извинувам за мислењево едно под друго но поминало времето за да редактирам