Ноктите не се мои на братучетка ми се, ама јас и ги лакирав, па затоа сакам да ги објавам. Зелено-розевите се од завчера, а зелено-бело-виолетовите од пред година ипол, ама ги најдов сликите денес гледајќи во некои фолдери и стари слики. На други знам многу убави да им ги направам ноктите, ама за себеси тапа сум.
Го немам апаратот при мене, па затоа се снаоѓам со мобилниот. Бледо розев лак на сите прсти, па ми се проѕира францускиот маникир одоздола... Домалиот прст е лакиран со мат бел лак.
Долго време барам некоја нијанса на праска/розева, но никако не можам да пронајдам Или се премногу розеви, или премногу портокалови. Ако имате предлог, многу ќе ми значи