моите со сунѓерче, и заклучив дека цветови и точки ми се специјалност. морав да редактирам сум ја ставила матната слика.
Ги скратив и само ги налакирав со плавово ново лакче (ко циганче се чувствувам во ноктињата нз зошто така можеби заради бојата) и планирам утре да им ставам по едно бело цветче со печатите Глупа слика не се гледаат убаво
Како така надградбата само по себе почна да паѓа уште втората недела и јас бев принудена да си ги извдам ноктите и решив никогаш повеќе да не ставам надградба ( понезадоволна не сум била од оваа надградба што ја имав последно)...па сега ноктите ми се со црвено лакче налакирана само палецот и домалиот прст на двете раце ми се тиркизно лакирани Мака ми беше да ги сликнам
Не можам баш да ви а доловам вистинската нијанса преку камерата од компјутер (многу ме мрзи да сликам со дигиталниот). Нежно (бледа) портокалова боја е Лакот е во вакво пакување. И има ваква боја...
Моите нокти се долги,коцкасти нашлапани со крем лак.На десната рака ми се цвикна ноктот на показалецот,знаете она,најпедерското кога се крши баш на коренот и се прави една линија од крај до крај,еее таму и ми отиде речиси до половина,ама јас пошо многу умна,саде мозок,земав супер лепак и го поплнив и се залепи! Ваљда ќе држи дур порасне.
Десната рака беж боја, левата зелена пастелна, исто ко прслукот кој ми штрчи Ужас! И бргу ми растат бре, долги се и ме живцираат, чоек не може на раат ни да се избрише
Моите нокти се моментално сини. Да го испробам новиов лак и ме бендисаа. Вечерва ќе ги дошарам за да ми одговараат со облеката утре. Плус денеска си земав еден зелен, ама дреч зелен лак кој верувам дека никогаш во животов нема да го употребам освен ако не правам лубеница-нокти.