Golden rose color expert 32 Него како чистите тоа од страна? Со потемниве лакови многу се шмрља, а со оние за уши вадам и од ноктот. Се чисти со вода до нареден ден ама што пред излегување ако се лакирате?
Бришач како пенкалце за она од страна, има од Есенс кој и не е така лош, а јас моментално имам од Авон, супер си ја врши работата.
Не можам да се снајдам преку телефонов, затоа ќе ти го опишам, ако не е проблем. Nail Experts му е називот, бело пенкало со жолт врв. Од поодамна ми е земен, не знам дали уште го има низ каталозите.
@Mishela Јасно ми е за кој производ станува збор. Редовно ги прелистувам каталозите на Авон, ама во последно време не сум го забележала бришачот. А додека го имаше, не обрнав внимание за што е наменет, така што можам само да го прашам мојот консулатант од Авон дали се уште го има во продажба. Во спротивно, ќе го побарам тој од Есенс. П.С. Премногу се заинтересирав за производот така што морам да најдам една од двете опции
@poenta го имаше во минатиот каталог (кампања 1/2015 стр.48 по цена од 179мкд), мене баш ми фати окце и го нарачав. Во овој не знам дали го има, го немам тој каталог тука за да ѕирнам.
@Artemission Го нема во тековниот каталог. Но, добро е што се уште е во продажба. Само ќе морам да почекам. Ти благодарам за информацијата
Јас моите ги пуштам, ама имам прашање се фарбав денес црна и ко што можете да видите кога се миев ги обоив и ноктиве, не знам колку се гледа на сликиве ама се нервирам така..со што да ги избелам ?