здраво моите нокти се катастрофа никако не можам да ги пораснам тенки ми се и ми се кршат. тоа не беше случај пред неколку години за жал сега е така :/ ко користам од евелин 8во1 лакот еве веке и вториот го трошам ама ноктите не ми се ништо подобрени . некоја друга препорака ве молам...не сакам да ставам гел нити вечтачки нокти уште повеке ке ги униптам моите , но сепак сакам ноктиве добро да ми изгледаат секогаш средено
@plava.90 јас би те советувала да ги одмориш малку ноктите од Евелин 8во1, и пробај да си ги масираш со масла како на пример маслиново, кокосово, бадемово...можеш да си правиш третман на секои 2-3 дена, така што во топла (не жешка) вода, ќе ставиш некое масло и ќе ги држиш рацете во садот барем 5-10 мин. Побарај по поголемите маркети или во аптека некоја крема која е за истата намена. Чим ноктите ти се во толку лоша состојба, преиспитај си ја исхраната. Многу е голема веројатноста дека не се храниш здраво, но не мора да е така. Пиј повеќе вода (8 чаши), јади многу зеленчук и овошје, а брзата храна тотално исфрли ја. По некое време, на пример 1 месец, мора да има промени и тоа не само на ноктите, туку и кожата и косата. Одмори ги ноктите некое време, не ставај никаков лак барем 1 недела.
@plava.90 незнам дали уште го има зацврстувачот на Аура , оддамна го немам земено. Го имаше во Зегин , почна со цена од околу 80ден,а последно кога го купив , пред неколку год,беше околу 120. Подобар зацврстувач од овој здравје, за недела дена ги средуваше ноктите, плус бојата му е прекрасна, не нападна, нежна, се преливаше од бело во виолетово, иако во шишето изгледа како виолетов. Преубав е за француски маникир. Сите кои го користеа беа задоволни . Мислам дека по состав имаше морски алги кои ги регенерираат ноктите и го спречуваат лупењето и делењето на ноктот.