Едвај направив еден нокт и ни тој не испадна како што треба Ај од далеку не се приметува толку, ќе помине ко за прв обид
Ете вакви ми се Ептен сум трапава за да праам дезени и свашта, само една боја на едно нокте, или па француски.. толку ми е капацитетот
И јас имав таков проблем, ама пред два месеци си го порачав ова (види слика долу) од Oriflame. Тоа е масло за нокти, всушност ги потхранува ноктите и ги освежува. Oriflame Beauty - Nail Food. Долго време го немаше во каталог и многу се израдував кога видов дека повторно го вратиле и тоа со подобрена формула. Две години така ми се лупеа ноктите, се имав пробано и никако не заздравуваа. Мириса на мед, а порано формулата му беше со мирис на лимон. Ова е многу ефикасно, ако го има сеуште во каталог, ти го препорачувам. Ноктите КОНЕЧНО ми изгледаат како што ми изгледаа порано. За зимава задолжително си нарачувам барем две, бидејќи се знае дека во зима имаме недостаток на Витамин Д и затоа се лупат ноктите и стануваат суви.
Девојки не знам дали моето прашање е за овде,но ја барав темата за нокти и не можев да ја најдам.Работам во конфекција си материјали,и ноктите некако ми се излупени,кршливи никакви.Ми рекоја дека било од самото префаќање на материјалите.Од убави и здрави нокти сега имам искршени,излупени.Дали има некаков начин да ги заштитам ноктите??Некаков крем за нокти и слично?
Ми беа вакви бојата е по дречлива, но само оваа слика ми е па ги менував неколку пати додека да се одлучам какви да стојат и сега се вакви Aко некој го интресира за лаковите Спојлер Дреч розев е користен за ноктите од 1 и 2 слика флормар 407, сивиот си го направив со мешање и жолтиот е оливиа 90. На 2слика изгледа како да се користени 3 бои но 2 се.
Еве ги моите. Сега си ги правев и одма да си се пофала . Инспирација секако од летово си добив. На палецот имам цртано ракчиња, на показалечот апостолки, на средниот прст чадор (али малце чуден ми искочи ), на тој до средниот прст палма и на малото чаша со коктел некојси . Се надевам дека добро се гледа на сликиве и дека ви се допаѓаат. P.S. Доколку некој сака, нудам маникир и перикир на ефтини пари у домашни услови, на ваши нокти. Ако некој е заинтересиран нека ми пише лична порака. Позравче
Моментално ужас - на едната рака розеви, на другата четири корално црвени а палецот син (пробував од новите лакови) Да е уште потрагично чистев, и сега ми се излупени до пола, и еден ми се скрши. Зарем може да биде поужасно ? Кој има погрди нека ме предизвика