Моите нокти, ненапатени, еднаш пред 5 години однесени на маникир и уништени, а од тогаш, само моја грижа, секојдневна - здрава храна и турпија, безбоен лак, и ретко, црвен. После првите и последни нокти - гел и лакирање кај козметичар/маникир, кога сфатив дека никој не ги стерилизира алатите, дека исти турпии за сите користат, ми се повраќаше од помислата на бактериите и габите кои можат да ми направат ужасии. Затоа, сама. Похигиенско здравје. Е сега, знае некогаш да ми се скрши нокт од вратата на колата, ама не е нешто за што треба да купувам нови нокти, брзо ми растат.
Знам и јас колку ги стерилизираат алатките,ретки сме тие што ги стерилизираат алатлите со кои работат. Јас како козметичар ги стерилилизирам пошо има опасност од секакви бактерии. Не секој има здрав нокт на пример, мене ми е глупо да кога работам некој со пр. габична инфекција на нокт и посем да турпам друг со здрав нок...нема смисла -.-' секоја алатка шо ке ја искористам посем право се стерилизира....зошто па да изгубам клиентела за таква работа или и јас да си направам проблем на рацете.... затоа и со тие едни медицински ракавици работам шо исто така се менат после секој еден и мене ми е грдо ко ке отидев во др салон (пред да отворам јас ) и ко ке видам неисчистени/нестерилизирани алати...па прекинав дома си правев сама Така да не си згрешила што дома сама си го работиш тоа, отколку да закачиш нешто пупу недајбоже Пс. Супер ти се ноктите
Клем убави се ноктите, ми се свиѓа францускиот, меѓутоа на сликава од далеку се приметува дека се вештачки. Внимателно бирај го салонот каде ги изработуваш ноктите, има некои ги прават да изгледаат како природни. Не ми се допаѓа ни златно, ни сребрено. Јас стиснав ми се допаѓа поради францускиот. Сепак ова е мое мислење, тебе ако ти се допаѓа терај си.
Јас претежно имав секогаш гелни нокти, и секогаш крајниот резултат ми бил да ги искршам и уништам до живец, и притоа како резултат ги морав да ги оставам на се совземат секогаш малку од малку бидејки цел живот едно по друго правењето на истите не е изводливо и е премногу болно. Точно дека гелните нокти изгледаат навистина прекрасно, но тоа е само привремено, а крајниот резултат на нашите нокти е разочарувачки и видно болен. Еден извесен период почнав да си ги негувам всушност само моите нокти и резултатот е многу попријатен и задовилителен, не планирам повеќе да си ги упропастувам ноктите.