Имаш убава форма на ноктите, но за мој вкус се многу долги и посебно ми пречи што се со воочлива разлика во должината. Верувај, понекогаш многу поубаво изгледа да се пократки, но убаво маникирани, отколку долги, а со различна должина.
Среќа што се работи за мој вкус, а не за нечиј друг па си ги носам онака како што мене ми се допаѓа Знаев дека ќе има коментар за должината. Ова е еден ден пред сечење. Сакав да имам долги нокти за посебна прилика и се обидов да ги доближам до должината на скршениот нокт (оној во средина). Не мислев дека има потреба да се пишува целово објаснување, но сепак: тоа е причината за (малата) разлика зошто и јас не сакам различна должина иако во живо воопшто не се приметуваше заради нежната нијанса на лакот.
Моите нокти - секогаш еднобојни и најчесто со оваа должина, поретко малку подолги. Ова ми е омилениот лак, кој најчесто го користам: Golden Rose Color Expert, број 4.
Здраво на сите,нова сум на форумов па малце ке ми треба време да се снајдам и додека најдам тоа што ми треба.Сакам да запишам курс за нокти па може ли да ми препорачате некое име. Исто така успеав да видам во некоја од пораките дека имало гелови некои за по 150денари и ув лампи исто ефтини што нормално додека учам би ги користела дали знаете каде би можела да ги најдам?
Здраво, драга Марија гелови и лампи на големо и мало се продаваат по тезгите на Бит Пазар ако си од градов наш главен Скопје. Прашај ги тезгаџиите,каде им се наоѓаат магацините, за да си одбереш гелови и се што ти е потребно како сет за почетник. Курсевите се доста скапи, но кој има пари има и за повеќе музика. Можеш да прашаш по салоните, а и низ фејсбук страниците да разгледаш кој нуди курс за нокти. Има различни курсеви, со различни салони. Најдобро за тебе е, таму каде што си одела да ти ги средуваат ноктите, таму да ја прашаш вработената каде завршила курс и да те упати подетално.