Кога ќе ми текне колку бев активна на темава порано и какви виолетови испади имав... Сега најчесто ми се вакви, ја обожавам нијансава. Само не можев да ја доловам правилно со камерата на телефон, затоа сликав со шишенцето - бојата е точно како што се гледа на шишенцето.
Еве од мене нешто. Сребрено-сив лак со светки, или металик, Catherine Arley, број непознат. Доста е траен (веројатно заради светките), само бојава никако да ја доловам. Ова ми беше најдобриот обид за жал.
баш пред некој ден ја објавив фотографијава на инстаграм, конечно ги извадив вештачките нокти кои ми помогнаа да престанам да ги грицкам моите на нервна база.. instagram.com/alekkpotter ова ми е мојот омилен лак моментално, ептен сум задоволна, а бојата е совршена.
Не ми се свиѓа воопшто тоа црното на прстот. Ич не ми е убаво ама ајде нека стои, ми се запна козметичарката . Сама ќе го извадам.