за тебе дефинитивно не се лакови, а па посебно вакви појаки бои. девојче, многу грдо изгледат вака, не го само шлапај лакот, туку смири ја раката кога ја држиш четкичево, не оди од линија до линија, или подобро не се ни лакирај. Сериозно. инаку, многу убава боја на лакчето.
@plava.90 А искрено, за каде се брзате? Не е темата првите 100 добиваат пари ако одма постираат. Сепак, темата е поврзана со естетиката и убавината, па што ќе ви пречи ако прво навистина си ги средите ноктите, па постирате слика? И секако, ова не се однесува само на тебе, бидејќи имало порано и други членки што постирале слики од несредени нокти.
И јас тргнав да пишувам вчера и не го пратив постот. Мене не ми е јасно како успевате така да се нашлакате. @plava.90 пробај добро да седнеш и лактите да ти се потпираат на масата, така рацете ќе ти бидат постабилни. Не земај многу лак од шишенцето и не оди до страничните краеви на ноктот со четчето. Еве една 'финта' за како да го нанесете лакот убаво: се почнува малку погоре од средината на ноктот и прво се прави движење нагоре, па надолу. Овие три потези се прават со лизгање на четкичката, без да се поткрене од ноктот. Потоа се покриваат страниците и на крај врвот.
Порано и ја се нашлакував со лакот, ама сеа со тек на време се испраксирав малку поуредно да ги лакирам. Не баш нај нај, ама за разлика од порано како што ги лакирав се подобри.