Е ај не се извинувајте однапред за оффтопикот и да прашувате нешто кое што знаете дека ќе ви биде избришано затоа што е нели,оффтопик. Фала,многу ти се убав итн итн...има опција ми се допаѓа.
Денес 2 маникира, еден мене, еден на братучетка ми. И го ставам лакот графити и викам гледај, јао човече се возбуди цела среќна дека ќе имала најкул лак А мојот е зелен (прв пат зелено се правам ) и текст на нив од весниче. Срамови е да ви кажам кој текст го ставав. Огласи, најмали букви одбрав за да имам повеќе редови текст, а најмали беа оние скршени срца, пронајди љубов бла бла На моите нокти можат да се најдат партнери улала Сликиве од мобилен се крш
Браво девојки инаце и јас правам сама нокти и сега последниот пат ги правев со тантела и ми излегоа прекрасно немам тука слика бидејки сум на работа али кога ке сум во мозност ке ја имате поздрав
-> Вакви ми беа до некни -> Вакви ми беа пред две недели Сега ми пораснаа малце (знам дека е лошо направен францускиот,со цртач ги направив за 3 минути,ме мрзеше со селотејп или ленти)
Ми беа долги и убави, се до еден стресен ден за мене. Тогаш настрадаа ноктите! Не знам како успеав да скршам еден до живец, а после него се знаеше и судбината на другите . Ги исеков, зашто на ништо немаше да личат. Сега ми се налакирани со интензивно црвен лак (едвај чекам да ми пораснат пак)
Од јагоди, ни „ј“.. ама за нареден пат знам листовите како ќе ги направам. Можеби не се нешто, ама мене највеќе ми се свиѓаат од сите 3. Не е препорачливо отварање. Before & after Спојлер Е вакви ми се ноктите под лакот. Затоа и баш не се рамни..
Kажи ми од кај ти е зелениот лак на лубеница ноктите??? Јас се утепав од барање не можам да си најдам убава зелена нијанса на зелен лак
Немав зелен.. Мешав плав и жолт.. (ама на жолтиот му ставав ацетон, дека ми беше згуснат). Мешав врз еден лист.. А на тие последните нокти, веќе си купив зелен лак.
На рацете со БИСЕРНО БЕЛ лак, на палецот и прстот до чулчето (добро, немаме име за прстов? ) дијагонално имам по три розеви точки. На нозете розеви како точките на рацете.