Јас никогаш не сум имала болки од лаков а го користам можеби година и повеќе ама од муабети со другарки кои претходно имале вештачки нокти или гел на нокти и тие секогаш имале болки...ако си имала болки остави малку време, мачкај ги ноктите со некое масло малку да ти се средат па пробај пак со лаков
Аууу го знам чувството. Печење и како нешто да ми ги тегнеше ноктите. Ама тоа само на почетокот, после тоа ваљда малку зацврснаа и немав болки. А за овој повредениов, пробај да ставиш еден тенок слој од лакот ако те боли избриши одма. Ќе има ефект и ако на секои 2 дена го бришеш, а не на 3. Ајде види и кажи ми
јас мислам маслиново, мачкај се редовно кога си во можност, исто внесувај храна со Б витамини или земи Б комплекс внесувај во форма на апчина..мене ми беа исто многу слаби многу ми се делеа ама не од гел или вештачки туку едноставно од работа и лакирање..со овој лак ми се опоравија ама никогаш сум немала болки а имам слушано од другарки исто како тебе...едноставно одмори ги малку ноктите и пробај пак после некоја недела
Било какво, кокосово, маслиново, бадемово... Иначе лакот предизвикува болки ако предходно сте имале надградба. Јас не одам по упатството па имам доста цврсти нокти што порано беше незамисливо за мене. Ем ги грицкав ем ми се лупеа... Дур ми пораснат малце, ставам на два три дена и кога ќе почне да се лупи го бришам или ставам уште еден слој одозгора. А више кога ми се пораснати прво го ставам лаков па после друг. И до наредно ставање лак сум со тој одоздола. И некако поубаво ми е не ми ги жолтее ноктите и поцврсти се каде каде.
и јас исто како тебе ама имам приметено дека ако го имам овој лак како база тој другиот лак од горе побавно ми се суши :/ и јас не одам по упатство на секои два дена некогаш три се лакирам ама многу сум задоволна од резултатите..во последно време не ни користам други лакови туку со 2 и 3 слоеви овој ми изгледа исто како да имам млечно бел лак
Нема врска скај упатството. Ставај колку сакаш и кога сакаш. Јас еве 2 години сум така со лакот кога можам и како можам. 2 години носам долги нокти без кршење на тој начин плус фактот е дека сега баталив да ставам па еве се живи здрави . Ама една година ставај ... Лакот е навистина преефикасен.