@wannaBeMomma Многу убав тон на розево, ептен онака енергично и летно , а не нападно, што марка и бројче е лакот? Мерси однапред
Нијансата ја добив од досада, измешав два лака Golden Rose Color Expert 24 обичен црвен и Malena 63 неонски портокалов и voila излезе оваа прекрасна корална нијанса. Одамна ја барав оваа нијанса на лак, претходно само гел таков имам видено, а сега несакајки ми излезе. Намерно ставив ефект на сликата да изгледа потемна за да ви доловам како светат во темница.На исунчана кожа верувам ќе стои уште поубаво.
Имам ставено само Eveline 8in1 зацврстувач на нокти.Многу убава,нежна,млечно бела боја има,ама со блиц не се познава Ми се скрши средниот нокт,и сеа не знам дали сите да ги исечам или да го чекам да порасне? Ама па многу бавно растат.. Спојлер Малце глупичко е
Скрати ги малку ,немора колку средниот, и направи ги сите иста форма и стави си лак во боја , да не се заприметува толку средниот. Многу поубаво ќе изгледаат посредено
Не ми се суви и несредени кутикулите, да ви кажам. Пред некој час ми ги правеа и ваљда од стругањето изгледаат побели, прашкасти на тој дел. Миена сум раце , масло не се мачкам oти се мат па нема да дојде до израз. Ја ропнав сликата и касно приметив за недостатокот.