Само што френчот ми е скроз бел, без светки и такви тракатанци, и прав ми е, не ми фаќа кривинки. И китето го имам на четвртиот прст и на палецот. Детален опис.
Должината иста, пошто ги спремив за надградба...во понеделник ќе си ставам, а за дотогаш вака ги налакирав, со лак на Golden Rose. Спојлер квалитетот на сликите беше лош, па ова е слика од интернет!
Еве ми ги сега. Летно прошарани и цветни. Прво си ги излакирав бордо и нозете и рацете, ама после ми беше досадно па на рацете си направив цветови. И порано такви сум ги правела само со други бои. Ама убави се и вака. Занемарете го лакот од страните чекам да се досушат па ќе го бришам и не ми се смејте на малото прсте на нозете што апла сум го замачкала. Пс. Во живо се ептен поубави, ова телефонов апла сите мани ги покажува.
Малце е слаб квалитетот на сликата, ама лакирана сум со црвена на палецот и домалиот прст и БИСЕРНА БЕЛА на останатите.
Одамна се мислам како да ги искористам впечатливите лакови кои ги имам. Денеска ме фатија будалите и ги извадив од несесерот најјаките бои со кои што располагам. Дреч жолта, розева и сина. Еве да видите што излезе. Во мода се де впечатливи нијанси. Неон стајл
Морам да ви ја покажам мојата шкорпија.Го правев палецов 10 минути.Изгубив нерви. Поубаво изгледа во живо. Мене повеќе ми личи на духот од Аладин
Преубави се, само нешто да те прашам? За колку време ти се исушија? Моите 2 дена се сушат, и никако да се досушат.