@Dream-Girl мој совет е да не ги мачкаш ноктите толку блиску до кутикулите, се собира лак таму и испакнато изгледа. Од прилика мислам како ноктите на @PUPICA што се намачкани, поубаво изгледа така. Едит. Бојата на лакот е прекрасна
Мене па така празно не ми се допаѓа и на мои нокти не ми се свиѓа како стои. А и искрено не знам простор да оставам, од кога знам за себе едвај се лакирам вака, несмасна малце сум. Ама фала на сугестија ако можам ќе пробам некогаш.
Ќе се среди тоа два пати откако ќе измиеш раце. Така ко што ти викаат мене ми делува ко да поминало време како се лакирани ноктите и треба да се прелакираат. И јас ко тебе се лакирам и само на почеток одма вака делува, после се средува и изгледа ок. Знаеш и сама.
Пробај некогаш. Добро, не мора до толку празно Има лакови со голема четка, тие ми се најзгодни за мачкање подалеку од кутикулите, многу се згодни за мачкање само на ноктот, прецизни се. Мислам дека од Голден Роуз има со такво четче, но можеби има и други фирми.
Ни јас не сум нешто воодушевена, ама сакав да се познава повеќе па затоа вака испаднаа. За две недели нови. Сепак не се толку лоши, слатки се Преубава е бојава и формава ептен ми се свиѓа, само нареден пат направи ги малку подолги
Поттикната од расправијата која се протегаше на последните страници, тука сум да ве потсетам дека темава не е отворена со цел да се постираат мислења со кои ќе се бара влакно во јајцето само за да се поттикне расправија. Да не пишувам индивидуални предупредувања, но во следната ваква „дискусија“ ќе следуваат санкции од темата. Мислам дека нема потреба волку забавна тема да се уништува со таков тип на деструктивни дискусии. Тука постираме за забава, па и за инспирација при следната посета на маникир. Дилемите кои се вон поставената тема на дискусија можат да се разрешат по лични пораки. Ве замолувам да се држиме до темата и да нема вакви расправии во иднина.