Да речиме дека вчера со другарка ми сакавме да пробаме се шо падна на памет ама немавме доволно прсти ... Ме праша шо боја сакам и сите искористени ги набројав.
Искрено, многу лошо изгледаат . Подобро кратки, ама здрави нокти кои изгледаат уредно, отколку вака долги, ама несредени. Можеби подобро би било да ги скратиш и да ги растеш повторно, со тоа што редовно ќе ги турпијаш за да имаат еднаква форма.
I know, свесна сум ама им давав време да пораснат и да зајакнат.Многу лоши нокти имав.Викендов ќе гледам да ги скратам бар до иста должина.Скроз ако ги скратам нема веќе да ги пуштам хахаја. Ќе ги скратам, турпија мавам и тадамм
Овој 8 во 1 можеш и под лак за нокти, исто дејство има пробано е Во секој случај како што ти пишаа членките израмни ги и потскрати ги. И ништо да немаш од лак и сосема кратки да ти се, само средено е убаво И самата форма на твоите нокти и со оглед на тоа дека имаш долги прсти, може многу кул да изгледа со (по)кратки нокти
А зошто ти се вака бели плочките? Да не ги праеше со моливче? Многу изгледа лошо, стави над овој некој лак да се покрие. Може е и до плочката, некој недостаток на витамини, а за тоа 8 во 1 не ти помага. На твојата форма на прсти поубаво ќе изгледа со пократки малце и заоблени само на краевите, пак коцкасти.
Спојлер: Слика Се работи за овој лак, од Хема е, не знам кое бројче е, името мислам му беше нешто Spooky.... Доколку ти значи нешто можам да се потрудам да му го дознаам бројчето.