Вчера купив лаков, и проѕирниот во позадина шо е. Ама немав памуче и лошо избришав претходниот лак и зато на места е како со точки. Али посекако овај за ден- два ми е мачканото, после пак со гел. Ама бојата е толку уба шо не можам да прекинам да си гледам в нокти. Заборајв да сликам претходно, тиркизни ми беа, од истата фирма лакот, само матиран. Некако ептен на срце ми е фирмава, случајно татко ми ја откри (тој ми купва лакој, то ни е та татко- ќерка врска ахаха) и сега бев до продавница кај мене шо е и најдов од истите и си ги земав овие. Се сушат скоро инстантно. Совршени за нестрпливи како мене.
Привремено е, додека се породам. Дека далеку ми е салонот, а гледам сега што помалку да возам, мака ми е на стомакот од возење. Едвај до работа возам и назад