Откритие на годинава - гел лаковите од Catrice. Па, ова била светска работа, се бањаш, лакот не мрда. Отсега дефинитивно веќе нема да купам обичен лак или ептен ради нијанса само да направам исклучок.
Првпат го ставам, пишува до 1нед не се лупел, но за разлика од другите шо за 12ч се лупат, еве цел ден засега супер се покажа. Еве го, нема многу нијанси у ДМ, не би го утнала У живо е ваква темна црвена, на слики не се доловува бојата, стандард
Уште ми нема мрднато. Немам ставано top coat инаку, ти да не користиш и друг лак одозгора случајно? Други лакови 2-3 дена преку сила ми траат, дека темни бои користам и се приметува одлупено, па се нервирам да ги носам такви, а немам време веќе секој 2 ден да ги прелакирам ноктите, среќа овој ми се погоди.
Девојки ве молам кажете ми некој добар лак за нокти до убав силен сјај да делува како гел да имам ставено на ноктите И уште нешто, за што служи top coat лакот и од кој сте задоволни?
Баш кога зборевме прееска за лаковиве ми текна да се налакирам. И еве, 6 часа подоцна... најверојатно е до моите нокти?
Немам многу искуство со лакови последниве години, но веќе неколку месеци сум без гел и се лакирам и морам и јас да ги пофалам гел лаковите на Катрис. Еве како изгледа кај мене после 4 дена, не е мрднат Мијам садови и раце постојано, дури не ми се верува. Првпат го купив сега, морам и други бои да си набавам. Со блиц сликнав, ќерка ми го наместила ама битно се гледа ефектот