Кога ви ги гледам ноктиве со шари со триста тракатанци, пред се ви се восхитувам - јас немам живци за такви џагари багари, а потоа и ви завидувам на времето кое ви е на располагање. Ако сакате да си заработите некое париче со задоволство ќе ви дојдам на лакирање, пошто ич не ме бива Сепак, кој рече дека не можам и јас да се опнам у дреч лак, е не! Моите викендашки нокти, фино, ми се допаднаа, само уште да бев малку повеќе исончата, ќе беше уште поарно. Квалитетот на сликава убива. За инфо - лаков треба да има портокалово-розева нијанса. Некоја таква, нит се тера, нит се води
Ете тоцкавки ноктиња мали имам, нит ги гризам нит ги бојам во друга боја.. Спојлер освен зелена и црна И немојте да ми се смеете , ама се драскам кога ми се поголемки Спојлер
Јас цветчињата ги правам со ако знаеш со истрошен тенок фломастер,со чачкалица ептен без врска ми излегуваат а вака врвот на фломастерот е баш добар за правење точки,цветови....Пробај ете со ваков истрошен фломастер,сигурно имаш некој по дома А и доколку имате потреба за тенка четкичка а немате таков лак па можете од некој потрошен лак да ја изретчете со ножичка четкичката и ете ви тенка четка за цртање Едит ете и моиве нокти какви се нежна розе боја малку се со "целулитче" но така е кога се лакирам пред спиење
И јас ги правам со чачкалица. Треба многу живци и искуство да речам. На почетокот ми беше малку потешко, ама со тек на време научив да ги правам. На лист хартија ставам малку од лакот со четкичката и после тоа со чачкалицата земам и со само еден допир на ноктот се прави точкичка. На тој начин ги правам цветчињата. Ако сакаш поголеми цветчиња, пожелно е да ја скратиш чачкалицата на врвот малку, за да не биде многу тенка.
Дејзи сум пробала многу пати, но ги кршам и ме нервираат. Да не бидам офф-топик, еве поубава слика со апарат, тука се гледаат боите : Инаку моментално ноктите ми се со кафен лак и тиркизни точки.
Овие ноктиња му ги правев јас на една мала братучетка сабајле....па излега супер... п.с.се извинувам за лошиот квалитет на сликите
Па сега ќе си ги правам некако,можи и само француски,а оваа недела ми беа вакви,само лилавите ги расипав со депилацијата
Моментално ми се френч, ама целите излупени па затоа не ги сликнав, а вакви ми беа за на одмор. Извинете квалитетов на сликиве е 0 али во живо се поубави
Моите се обично налакирани со лак како на сликата дреч жолти. Вечер ќе си ги правам со ода па ќе ставам слика