Женски имам ставено гел лак а веќе ми се надраснати па како да го извадам дома од ноктите? Не сум во можност да одам да ми ги извадат.
На секој нокт ќе ставиш памукче натопено со ацетон и ќе ги завиткаш со алу фолија, држиш 10-15 мин и после ќе го истуркаш/изгребеш гелот.
Не се чуди ако ти се излупат ноктите кога ќе ги вадиш сама. Јас имам вадено и не е ништо страшно. Само малце боли. И тоа што е оштетенето ќе помине. Ќе се налакираш со некој потемен лак само за да не се познава.