Пак јас , извинете ако премногу прашувам, лаков го има само во црна боја или има и друга ? И ако не е тајна колку пари е ? Да за во Скопје прашував, би требало да го има и во Космо, нели?!
Јас го купив за 150 денари, и го имаш во разни бои-јас купив црна зашто одговара на се, а имаш и плава, зелена, розева... Во Космо бев пред неколку дена, ама не приметив да има ваков лак.Прашај ги продавачките таму, ако има, ќе ти дадат сигурно
Брендовите што ги продаваат во Космо сеуште немаат направено такви лакови, така да не верувам дека ќе најдете во Космо.
ги имам сите три освен зелениот( не знаев дека е толку убав ), утре ќе имам исти како твоите нокти , моментално добро истурпени, големи и не лакирани -имаат одмор
оди на битпазар и најди си го лакот каков космо ке платиш 150 ден за еден лак, да беше пудра крема или нешто такво ок е да го земеш на веќе проверено место или бренд, ама лак ке најдеш каков што ке ти текне на бит пазар ем за мали пари ем мора низ тезгите да го најдеш, ако го нема на една го има на другата сигурно
Не знам дали е до мене, ама никако да најдам зелен лак што ми се допаднал. Па затоа сама си измешав неколку лакови и си направив
мојте ноктиња со smileys овој пат малку ми се замачкаа на двата прста ама ќе изодат за овие неколку дена
Вака, прво земаш на пример розев лак и правиш една коса линија со четчето, потоа зелен лак и одма до розевата ја правиш зелената линија и на крај пак со розев лак. Потоа земаш игла (малку подебела) и тргаш линии кон ќошот на ноктот...И декорираш со циркон ако сакаш Се надевам ти помогнав
Морам да промрчам... Зошто не ми е јасно ставате прстени од оние со големи камења? темата е за ноктите Незнам, многу ми е некако фалбаџиски, зашто за по дома никако не ги носите тие