Сама ги црташ? Преслатки се. Ти и @f.girl имате многу убави природни нокти. Како ги негувате и одржувате? Нема поубаво од убави, природно средени нокти, goals.
Хаха фала ти Да, сама ги цртав, секогаш сама ги средувам, никогаш немам ставано вештачки или друг да ми ги правел ноктите. Ме релаксира да ги средувам. Инаку не знам, некогаш имам периоди кога ми се кршат и пократки ги носам (ако ми е паднат имунитетот или под стрес ако сум нешто, не знам, зависи од други фактори), некогаш ми растат ептен брзо и не ми се кршат ич. Ништо посебно не им правам. Често лакирање, така ми се позацврстени. Ако не ги лакирам ми стануваат полесно кршливи. И квалитетна крема за раце секојдневно ставај, може тоа ќе ти помогне да ги пораснеш.
Фала за убавите зборови Кај мене мислам дека генетика е во прашање, ако воопшто може да има тоа улога за ноктите. И да нема механичко оштетување, пример гризење (никогаш не сум ги гризела и мислам дека има влијание), ставање на вештачки нокти, неправилно турпирање (гледај нежно да ги турпираш и во една насока само) и сл. надворешни фактори. Друго, редовно кратење и освежување на ноктите, и одмор од лакирање од барем една недела на два месеци. Ова за мене функционира, колку помалку ги тормозам толку се поцврсти, а можно е да не важи истово кај другите. Мораш да забележиш што ти одговара конкретно за тебе. И за крај, витамини Можеш да се обидеш со витамини во капсули или да промениш исхрана побогата со биотин и други витамини.
Дали е ова гел-лак? Ако да, многу ти е лоша изработката и многу брзо ќе ти паднат така. Имаш многу од лакот на кутикулите и на страна, а тоа е клучно за да траат подолго Прави ги еден по еден и секогаш пред да печеш со дрвено стапче чисти ги рабовите Ти кажувам од лично искуство, веќе неколку години ги правам сама моите.