Е баш затоа сакав да пишам, но се надевам нема да се налутиш. Мислам дека се премногу "аматерски" за од салон што ги правел професионалец, помислив самата дека си ги средуваш вака, односно мислам дека не се баш сите доволно спремни да прават нокти има огромна разлика меѓу нив што и мене ми се има случено. Сега секако ке има коментари дека се убави и слично ама од убаво до убаво има разлика. *Ова не важи само за тебе туку и за други не многу добро изработени значи не е ништо лично.
А што им фали на ноктите? Не за да се налутиш, по што позна дека аматерски е направено. Според мене ок се. Иста големина, средени кутикули.
По тоа што француското е како лента да го има залепено и тоа наил артистите го препознаваат. Јас долго време одев кај едно чупе шо си ја знај работата многу добро еднаш не беше добра и сменив еден пат кај друга. Луге ко ги виде какви се, а и другарките ме заприметија колку полоша изработката беше што дури слика пред и потоа која разлика е. Едноставно не работат сите добро. Онака се, ама не се професионално баш 100%
Муабетот беше дека постојат луѓе што сакат да е изработката како што треба а до сега на темава се изнагледав нерамнини. Тоа вистински артист не би го напрајл. Тоа што секој втор е денес ноктар и тоа шо на некој му се бендисва така е друго...
Јас првично одам кај девојката затоа што го средува ноктот и кутикулата, а за тоа немам збор лош да кажам. Тоа што сум избрала таков по тебе нели лош френч, си го одбрав за мене да ми се допадне, не на некој друг. Сакав светки и боја соодветна на истите. Имам поважни обврски од ноктите за кои што едвај и наоѓам време
Да секој си има право да си оди каде сака нема збор за тоа. Но постои разлика од убаво поубаво од квалитетно по квалитетно итн.
Дискутирам за темава со сестра ми бидејќи работи со нокти повеќе од 10 години. Дали си иронична со прашањево,,дали сама ги правела,,? И да ги правела,во ред е разбравме по коментарите дека не ти се бендисаа и не сме ние кои треба да судиме фала богу,вкус и вкус. Според мене ноктите се изработени топ. Види ги кутикулите како прво,средени како што треба,а ги виде ти во профил па знаеш дали се рамни или не рамни...? Аман побогу
Не сум иронична заради тоа што многу од членките си прават сами дома. Зошто се наоѓате сегде сите навредени? Јас не мислам дека се топ изработени. Кутикулите се океј средени ама вештината на цртањето е онака искрено. Сум одела и кај артисти што го знаат тоа и што не го знаат. И машки дури приметуваат разлика, и другарки нормално. Само две во мојот град знаат да прават врв нокти. Разликата е огромна. Кој сака, ке испратам слики во порака. Зошто мислиш дека судам? Реков СЕКОЈ има право да оди каде сака. Јас лично имав лоша изработка од друг артист и мојата потоа беше многу непријатно изненадена кога ги виде, ги објави на профил јавно што изработи таа и што имав предходно. Шо е проблем?!
Не не. Таман работа. Не е до лутење дошло. Ама јас навистина не можам да направам разлика помеѓу добар и лош француски како што објаснуваш а цел живот правам. До душа и немам многу избор каде да отидам. Па за тоа ќе те замолам да ми пратиш слика.
Оофф, по муабетиве, ако во салон не ги правеле убаво, ние дома па што да речеме, сами што си ги правиме. Ќе приметел некој дека не се направени ко што треба, пази молим те. Што е ова, дури и до ноктите дојдовме совршеност да бараме.