Гел се или твоите нокти? Ако се гел и сама ги правиш колку време ти стојат? Другарки што сами пробаа ми велат многу брзо им пагале, за неколку дена. Најверојатно гелот не им е квалитетен.
Гел, ми ги прават, 49 евра е Германија. Ама овој пат како за 5 евра правени ми изгледаат заради бојата.
Catrice top coat & base coat, Aura - Dark Red. Ми се свиѓаат вака, престанав со ставање гел на нокти, од причина што ми се ствараа рани и бурно ми реагираше кожата. Ама и вака не се лоши.
Да си направам update, недела дена после, само ги стругнав и скратив со турпија бидејќи почна да ми смета должината. Одлично се покажа оваа комбинација, би си земала уште по некоја боја од Аура и би ги фурала вака. Топ се покажаа на издржливост со оглед на тоа што оваа недела имаше вежбање со справи, стругање загорени тенџериња, значи секаква работа по дома и чукања на ноктињата, а сепак останаа вака да изгледаат. Супер задоволна!
Да, да, моите се Освен лак и турпија, ништо друго. Генетика ваљда. И трпение да пораснат, скоро 5 месеци ги чувам Лакот е овој Спојлер Турпијата најобична, од дм. Спојлер