Не, немам ламба. Ставам тенок слој од базата, чекам 10 минутки, мачкам тенок слој од бојата, чекам пак 6-8 минути, мачкам втор подебел слој од бојата, чекам околу 15 минути убаво да се исуши, па мачкам од топ слојот подебело. Обично филм или серија додека гледам, седам така 20тина минути додека скроз да зацврсти и гајле нема цела недела.
Од прилика 5 дена, скроз нечепнати се, веќе на 7 дена си бараат пак лакирање. Ама рутина си имам, викенд ги средувам и топ ми се. Имав алергија од гел или од што и да беше, и поголем дел од времето бев со оштетена кожа околу ноктите кога ги правев и колку и да беа убави, вака на лик целото лошо изгледаше а и се загрижив за здравјето, па вака почнав и задоволна сум од овие производи за сега.