Кратки и сини. Туку девојки колку пати неделно вие се лакирате? Некои ве гледам секој ден различни ставате.
Моите моментално само со проѕирен лак,грозни и досадни но немам инспирација како да ги направам и се нервирам вака жолти ми се од лаковите
Веќе два пати по ред ги правам со француски маникир, и под белата линија ставам плав лак со светки. Потоа поминувам со онаков блед и супер ми излегуваат Минатиот пат ставив и цветче розево ама сега ме мрзи, а и не сум вешта многу за цртање, така да многу е веројатно дека само ќе ги размачкам И да, претерано брзо се лупат, јас се нервирам кога еден ќе почне да се лупи сите ги стругам и одново ги лакирам
моиве нкти, до живец сечени, од нервоза, лакирани во дречлива розева боја, со која ги лажам сите бебиња на повидок, само во ноктиве ми се пулат Спојлер Од оваа уште подречлива е бојата, ко фосфорна
Фала ви многу девојки , јас веднаш се фрлив на работа, од прва не се лоши . Премногу светлина ми иде од прозорецот затоа не се гледат многу добро.
И јас ви се восхитувам на сите што имате толку трпение за декорирање и разубавување на ноктите. Мене ретко кога ми се така украсени, затоа и не ги ставам тука, не се интересни И ај да не сум оф, ќе ви ги покажам како ми се сега Спојлер -обични со една боја, некоја си песок кафеава (незнам како да ја дефинирам) лакот е Catherine Arley бр. 32, ако некој го интересира
Вакви ми беа до вчера. Мене ми се убави ( со исклучок на тоа дека потоа многу ми се оштетени ноките ), за вас не знам. И се извинувам за квалитетот на сликите, сликани се од моб.
Најмногу се нервирам кога еден нокт се крши, па сите мора да ги исечеш... Хауевер, ги средив и ги налакирав со црвен лак. Најнормална црвена боја на кратки нокти.. Без џиџи-миџи (освен ако не најдам жртва да ми нацрта нешто )...
Вчера ги правев cookie monster Малку неправилно но што да се праве кога се црта со лева рака па и ми се тресат рацете,добро е вака што излегоа
Спојлер Знам, сликиве немаат никаков квалитет, но братучетка ми ми го зеде апаратот и морав со мобилен да сликам.